Наши ѕвезди
COVER STORY

Вујко ми Војо беше отворен и широк човек – Влатко Миладиноски откри непознати детали од животот

Војо ја сакаше Македонија и пееше со многу љубов, открива Влатко Миладиноски во „Кафе муабети“

Advertisement

Ексклузивен гостин во емисијата „Кафе муабети“

Нашиот познат фолк-пејач Влатко Миладиноски отворено зборуваше за своето детство и животот во големото семејство, но и за тоа како и што научил од неговиот постар брат, но и од вујко му Војо Стојаноски, за кој вели дека беше глава на семејството.

Advertisement

Како што самиот раскажа во емисијата пред камерите, Влатко не бил од самиот старт определен за музика.

Принтскрин/ Јутуб

Тој во средношколскиот период сериозно тренирал фудбал и играл, но токму во тинејџерските години и се случува пресвртот кога ќе одлучи да продолжи да се занимава професионално со музика.

Пејачот зборува за овој период од животот, но и за неговото детство исполнето со музика.

Принтскрин/ Јутуб

Влатко е роден во Кичево, каде го поминува најубавите години од животот, а едно време со сопругата живеел и во селото Јаворец, познати и како Јаорец, каде вели се чувствува како во рајот.

„Многу често одам во Кичево, таму ни се корените. Таму имаме доста фамилија, а сега одам најмногу и на викендицата на Јаорец, таму си го наоѓам мирот. Искрено многу ми недостига тоа место, бидејќи бев таму четири години со постојано живеење, што се вика децата, второто дете се роди и порасна таму. Уживавме сите“, вели Влатко.

Принтскрин/ Јутуб

Тие и денес како големо семејство се собираат во родниот крај, а никогаш нема да ги заборави моментите со Војо Стојаноски.

Имено, Војо му беше вујко на Влатко, брат на неговата мајка, а токму со него се поврзани и почетоците во неговата музичка кариера.

Принтскрин/ Јутуб

Пејачот се присети на моментите додека неговиот вујко беше жив и кои негови совети нема никогаш да ги заборави, но и како тргна неговиот музички пат, откривајќи дека на самиот старт не бил определен само за музика, туку за нешто што малкумина денес го знаат за него.

„Војо беше отворен и широк човек, многу голем“, вели Влатко за неговиот вујко додавајќи и што е она што го научиле од него.

„Од него научивме, како аманет, преку својата музика да бидеме искрени, но не во зборувањето. Односно во самите песни, во самата музика, што ја твориме, да бидеме искрени, да го сакаме и ние тоа, па тоа публиката ќе го почувствува дека е искрено. Никогаш, тоа му беше нешто како парола, никогаш немој да ја лажеш, да ја фолираш публиката, нема да успее“, вели Влатко за вујко му, па го додаде и следново:

„Ако си искрен во тоа што го работиш, во тоа што го правиш, публиката ќе го почувствува тоа и ќе го прифати, И тоа беше еден, можеби клуч и на неговиот успех – тој толку ја сакаше Македонија, македонската песна.. и сите песни коишто тој ги произведе, да кажам, беа со многу време, со многу посветено внимание.. и со многу љубов“.

Принтскрин/ Јутуб

„И затоа беа, да не речам, без малку сите негови песни беа вистински хитови прифатени од публиката“.

Со пејачот позборувавме и за љубовта, но и за тоа како се снаоѓа во улога на татко на две ќерки.

Ни откри како ја запознал девојката со која подоцна ќе основа семејство, а зборувавме и за сегашноста, како и за неговиот голем концерт што ќе се случи на 28 декември во арената Борис Трајковски.

Повеќе за концертот на Влатко, но и за сите останати работи што тој ги сподели во емисијата Кафе муабети, погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button