Војвотката од Сасекс не воодушеви и со изборот на втората венчаница – погледнете!
И втората венчаница на Меган Маркл беше полн погодок

По неочекувано едноставниот фустан што го носеше на венчавката, а кој беше инспириран од венчаницата на кралицата Елизабета II на венчавката со војводата од Единбург, Филип, во 1947 година, војвотката од Сасекс ги изненади сите и со својот втор венчален фустан.


Имено, додека првата венчаница што Меган ја носеше на главната церемонија во дворецот Виндзор е со потписот на британската дизајнерка Клер Вејт Келер, првата жена што е на чело на француската модна куќа „Givenchy“, вториот фустан го дизајнираше Стела Мекартни.

Во прашање е модел со таканаречена „руска“ јака и голи раменици, зачинет со слоеви во долниот дел, а кој војвотката од Сасекс го носеше со сатенско бели чевли со светлосини високи потпетици и дијамантски обетки.


Па, која венчаница ви се допаѓа повеќе?



