Втората венчаница на Кејт Мидлтон е уште поубава од првата
Венчаницата на Кејт Мидлтон е една од оние кои остануваат запаметени

Станува збор за фустан со екстравагантен шлеп, со „V“ израз, боди од тантела и ракави кои тешко можете да ги заборавите, токму како и Кејт! Нејзината венчаница предизвика општа хистерија меѓу бројни невести кои посакаа ист модел, а слично влијание можеше да го има и нејзиниот втор фустан. Да, добро прочитавте. Кејт по церемонијата во црквата се појави во уште еден прекрасен фустан кој некако помина незабележано.

Но еве сега ќе ја поправиме грешката …
На приемот во Бакингемска палата Кејт ја распушти косата и носеше бел сатенски фустан кој како и првата венчаница го дизајнираше креативната директорка на Александер Мекквин, Сара Бартон. Војвотката ја комбинираше со белo „влакнесто“ болеро и ја почести со понежен изглед, а да ја носеше во црквата сигурно ќе привлечеше подеднакво внимание.

И покрај тоа што е многу поедноставен, нема драматичен шлеп, како ни многу други детали кои што ги имаше на првиот фустан, сепак веруваме дека многу претставнички на понежниот пол токму вака ја замилуваат својата совршена венчаница.

Што мислите вие?



