Реклама
MAMAДом и семејство

Љубители на есента, вселете ја оваа сезона во вашиот дом со само неколку едностави детали

Реклама

Многумина ја занемаруваат убавината на есента, фокусирајќи се на ветровите, дождот и нерасположението, Но, за оние кои знаат како да уживаат во оваа годишна доба, ви покажуваме неколку начини преку кои можете да ја вселите есента во вашиот дом и да уживате со вашите најмили.

Покажете ја убавината на оваа сезона преку најразлични детали

Есенските аранжмани зрачат со необична убавина, топлина и внесуваат позитивна енергија во просторот каде што се наоѓате. Жолти, црвени, зелени, шарени тикви со неправилен облик може да ви послужат како идеална основа за правење прекрасни и разновидни аранжмани. Додавајќи поедини украсни билки и цвеќиња, ќе добиете вистински уметнички дела, а секој од нив ќе има своја уникатност.

Изненадете ги гостите

Декорирајте ги скалите со украсни тикви и саксии во различни бои. На секоја скала ставете по една поголема тиква и една до две саксии со цвеќе.

Маркетинг

Дајте му на својот дом златен сјај

Ослободете мал простор од полиците во вашата кујна, па додајте несекојдневен аранжман. Неколку суви цвеќиња или мали тиквички ќе ви дадат посебна свежина, а вие повеќе ќе уживате извршувајќи ги вашите обврски.

Играјте си со плодовите од есента

Без разлика дали ќе се подготвувате за слава или за обично опуштено дружење со пријателите, масата можете да ја збогатите со посебни аранжмани. На средина поставете тиква со средна големина, а околу неа наредете пчченка, грозје, јаболки, дуњи…

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button