CelebrityНаши ѕвезди

„Врската е посилна од смртта“ – Соња Тарчуловска со срцепарателна порака за мајка си

Advertisement

Емотивна годишнина во домот на Соња Тарчуловска. Фолк-пејачката преку објава на Фејсбук се присети на својата мајка, која почина пред две години, споделувајќи тажен, но силен спомен за врската која, како што вели, не згаснува со смртта.

Во пораката што ја трогна јавноста, Соња напиша: „Поминаа две години откако те нема. Но, секогаш ќе бидеш присутна во моите мисли, бидејќи нашите души се засекогаш поврзани. Таа врска е посилна од смртта. Таа љубов е самиот живот. Почивај во мир Мајко моја“.

Advertisement

Иако времето поминува, загубата останува длабоко врежана, а пејачката и понатаму јавно ја изразува љубовта и почитта кон мајката, која почина на крајот од 2023 година.

Неодамна, Тарчуловска сподели и семејни фотографии од родниот Пробиштип, на кои се нејзиниот татко и сестра, но без мајката, чиј недостиг е очигледен. Поводот беше 77-от роденден на татко ѝ, за кој Соња напиша: „ТАТО Среќна 77-ка биди жив и здрав. Ние те сакаме сите“.

На фотографиите се појавуваат и нејзините две поголеми деца, Мелани и Младен. Соња и сопругот Јохан Тарчуловски ја имаат и ќерката Јоана, која има 10 години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button