Според најновите истражувања кај преку 90 % од паровите претставниците на посилниот по се повисоки од своите партнерки.
Ова е некое непишано правило кон кое се придржуваат сите, па така 50% од мажите сакаат нивната партнерка да биде пониска од нив, додека 90% од жените сакаат партнер кој е повисок од нив. Но дали овој критериум е преценет и дали жените треба да ги прошират своите видици и да започнат врска со мажи кои не се повисоки од нив?
1. Момците на кои не им пречи да имаат повисока девојка, нема да им пречи ниту вашата амбиција, интелигенција и талент. Момците кои нема да се чувствуваат помалку вредно само поради некои стереотипи што владеат во општеството, нема да го сметаат вашиот успех како закана. Наместо да им биде непријатно поради вашето унапредување и знаење, тие ќе бидат горди што покрај себе имаат толку сестрана личност.
2. Не мора да ја пресметувате висината на вашите потпетици.
Повеќето жени обично внимаваат да не ја надминат висината на нивните партнери кога носат високи потпетици, или, пак, постојано носат рамни чевли за да бидат пониски. Но, вие веќе и онака сте повисоки од вашиот партнер, така што нема никаква разлика дали ќе бидете 5 или 10 центиметри повисоки. Облечете какви чевли сакате!
3. Во голема мера ќе си го зголемите изборот на потенцијални партнери.
Тешко е да се најде некој кој ќе ви одговара на емоционално, интелигентни, духовно и сексуално ниво. Нормално е дека треба да имате одредени критериуми кои мора да бидат исполнети, но висината не треба да биде еден од нив. Висината на околу 59% од момците на возраст од 20 до 29 години изнесува 170 центиметри. Доколку излегувате само со момци кои се високи над 180 центиметри, премногу се ограничувате.
4. Истражувањата покажале дека ниските мажи повеќе помагаат со домашните обврски.
Според едно истражување, ниските мажи, односно оние пониски од 170 центиметри поминуваат 8 часа и 28 минути неделно во извршување на домашни обврски. Високите мажи со висина над 190 центиметри поминувале 7 часа и 30 минути неделно во помагање со домашните обврски, а оние со просечна висина поминувале 7 часа и 38 минути неделно. Точно е тоа дека ниту еден маж не помага доволно околу домашните обврски, но кај ниските мажи барем постои помала веројатност дека ќе оставаат валкани садови во лабавото.
5. Ниските мажи заработуваат повеќе. Истото истражување открило дека 78% од ниските мажи заработуваат повеќе од нивните партнерки. Процентот кај мажите со просечна висина изнесува 69, а кај високите мажи 71. Ова значи дека ниските мажи повеќе помагаат и околу домашните обврски и околу финансиите.