И вечерва едвај се дише во Македонија. Повторно сме меѓу првите најзагадени градови. Скопје според светската ранг листа на квалитет на воздухот вечерва е на 15. место.
Од наслебите алармантна е состојбата во Ново Лисиче каде што мерната станица е обоена во виолетово.
Спроед мерењата, вечерва најзагадено е во Струмица со 343 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, по што следува Охрид со 336, Кавадарци со 273 и Куманово со 187. Висока е загаденоста на воздухот и во Кичево, каде што се измерени 120 ПМ2,5 честички и во Гостивар со 121.
Во Скопје во 19 часот највисока е загаденоста во Лисиче, каде што се измерени 292 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички и кај ректорат со 180.
Информациите на УНИЦЕФ покажаа дека скопјани, тетовчани, кумановчани и велешани, речиси 100 денови во годината дишат загаден воздух. Поради алармантноста УНИЦЕФ и Светска банка упатија предупредувања до владата и институциите, да преземат сериозни мерки бидејќи граѓаните на Македонија се во сериозна животно загрозувачка опасност од загадениот воздух.
УНИЦЕФ, предупреди дека раната и честа изложеност на загаден воздух влијае врз развојот на мозокот, белите дробови и органите на бебињата, што има последици врз здравјето и учењето во текот на целиот живот.
Од таму велат дека најновиот извештај покажал дека во Македонија, смртните случаи на новороденчиња кои се поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 отсто или 1 од 9 смртни случаи на деца на возраст до една година.
Македонија е на 32 место од најзагадени земји вo 2023 година според IQAir.