Вработените во оваа кафеана заедно со гостите собраа 122.000 денари – Од срце за Кочани (фото)
Хуманитарни вечери за Кочани...

Големо БРАВО за хуманоста на оваа екипа!
Одговорните во Ботаника урбана кафана заедно со вработените, но и гостите успеаја да соберат преку 120.000 денари за Кочани.
Како што и самите најавија пред неколку дена, тие овој и следниот четврток ги поканија своите гости на хуманитарна вечера за семејствата на погодени од трагедијата во нашето Кочани.
И како што објавија тогаш, 100 % од собраните средства ќе бидат донирани за погодените семејства од големата трагедија.
Инстаграм/ Ботаника Урбана Кафана
Јадеме добро, правиме добро
Тие ги поканија своите гости сите заедно да ја покажат човечноста и хуманоста, а денес го објавија и резултатот од првата вечер.
Имено, во овие тешки мигови тие им се заблагодарија на сите гости кои вчера беа дел од нивната хуманитарна вечер направена од срце за Кочани.
Инстаграм/ Ботаника Урбана Кафана
И како што се вели во нивната објава, тие денес донирале 122.000 денари, а воедно им се заблагодарија и на своите вработени, кои лично учествуваа со 23.000 денари во хуманиот чин со што целиот нивен тим покажа што значи да се биде едно, сплотени во срцата и силни во делата.
Инстаграм/ Ботаника Урбана Кафана
Ќе ја споменеме и ние поддршката што тимот на Ботаника ја имаше од Винум Мкд кој го донираше целото вино што се служеше.
Инстаграм/ Ботаника Урбана Кафана
„Секоја надеж е мал зрак светлина во овие тешки мигови, а вашето присуство некому ќе му ја донесе таа утеха“, пишува во нивната последна објава на Инстаграм за хуманитарниот настан што го организираа.
Па, големо БРАВО за целиот тим на Ботаника урбана кафана.