Вработена во ЗОО Скопје со хуман апел за вдомување на мали слатки суштества – Кој сака да се гали?

Бездомните животни станаа одлика за нашиот главен град. Многу често ќе слушнете апели за вдомување на мали маченца или кученца.
Тина Ивановска е позната зоо-негувателка, вработена во Зоолошката градина во Скопје. Таа неодамна објави видео од мајка со мали мачиња кои ги забележала оставени пред Природнонаучниот музеј во Скопје. Побара од некој што има можност да вдоми маченце ја контактира.
Оставени две легла мачиња пред Природонаучен музејПрво е потребна мачка доилка за малите непрогледани, не може оваа мачка да постигне сите да ги доиВторо, кој сака да вдоми маче и трето и за мајката да најдеме чареп.с Кој сака да помогне може да дојде тука, побарајте ме на 070 688 014Овде проаѓаат илјадници деца на екскурзии деновиве за во Зоолошка, не е безбедено ич!
Еве како изгледаше нејзиното видео.
Мачињата привремено ги згрижила кај пријателка.
И покрај близу 150.000 прегледи на видеото, бројни убави коментари, никој не се јави да вдоми маченце се уште.
Одлучивме да ѝ помогнеме на Тина и да ја прошириме оваа вест.
Апел за вдомување 🙏
Сите ја заборавија мајката со двете легла мачиња оставени да умрат пред природонаучен музеј
😢
Видеото од денот кога ги земав и спасив од таму има 140 000 прегледи, но вдомувања нема 😔
Ивана и покрај големиот број животни за кои се грижи ги отвори вратите за мајката со мачињата, а деновиве цело време е и под голема опасност од пожарите и грижејќи се за животните и таа, а и тие се изложени на отровниот чад кој таму се шири.
Ајде да најдеме домче за мачињата. Има две поголемки, шаренкото и сиво белото ( женски) и двете цицалчиња кои беа непрогледани, а сега пораснаа- жолтото и црно белото ( машко и женско).
За жал многу луѓе уште тогаш ветија дека ќе ги вдомат и ништо, но сите заедно овојпат можеме да ги вдомиме и да имаат среќен живот ♥️
Пишете ми доколку сте сериозен кандидат за вдомување и одговорно сопствеништво.