Вози како Шумахер, а за два месеци полни 97 години – Македонката ги шокираше сите со својата енергија
За два месеци полнам 97 години, а за три години – 100, вели Добрила и додава дека нема поим каде и како толку брзо поминало сето тоа време
Македонецот Никола Катичиќ (75) во вториот круг од емисијата „Никогаш не е доцна“ настапи со својата пријателка Добрила Ивановска Чабриќ.
Добрила како победничка во една од претходните сезони од ова популарно шоу им е добро позната на гледачите, па сите беа воодушевени кога Никола заедно со неа ја изведоа традиционалната македонска песна „Пилето ми пее“.
И како што самиот Никола откри во шоуто, тие се пријатели 50 години, па дошле заедно во Белград, и тоа со автомобилот на Добрила.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не доцна
Добрила пак, не ја криеше среќата што повторно е во студиото и како што изјави, оваа емисија за неа е нешто посебно.
„Сите сте слатки и драги и сите ве сакам“, изјави Добрила.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не доцна
Водителот Жика Јакшиќ во еден момент се пошегува и изјави дека Добрила му е најстара љубов во животот, по што таа му кажа дека е шокирана и дека не очекувала такви зборови од него.
„Шокирана сум, но тој ја кажа вистината. Јас сум му најстарата љубов“, се пошегува и оваа извонредна жена со водителот.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не доцна
Потоа Никола пред жирито и гледачите објасни дека Добрила најпрво од Дојран дошла кај него во Скопје, па потоа тргнале за Белград.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не доцна
И како што вели тој, Добрила цело време возела, со 130 км. на час, колку што е ограничувањето, а тој цело време се крстел.
Добрила потоа призна дека возачката дозвола ја има до мај следната година, но и дека се надева дека ќе и ја продолжат.
„Во Македонија нема ограничување за дозвола и годините“ вели таа.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не доцна
Што се однесува до желбите за Нова година, Никола и Добрила за Гранд открија што ќе им посакаат ан другите, но и за самите себеси.
„На сите им посакувам среќа, здравје и долг живот. Сите оние што не гледаат, тоа го заслужуваат од нас“, изјави Никола.
„Спремам нова монодрама, очекувам дека тоа ќе биде нешто убаво. Каде и да се појавам, добивам награди. Неодамна бев на еден фестивал во Бугарија, имаше натпреварувачи од 14 земји, но јас победив“, вели Добрила.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не доцна
Потсетуваме, Добрила за неколку месеци полни 97 години, а се уште може да се пофали со својата неверојатна енергија.
Принтскрин/ Јутуб
Пејачката се уште активно го вози својот автомобил, но и подготвува нови проекти и песни за својата верна публика.
Добрила сериозно работи и на својата нова монодрама која планира да ја игра во целиот регион, а минатата година беше разочарана кога не доби виза за Австралија каде што пејачката беше поканета да гостува, а беше одбиена заради своите години.
Фејсбук
„Ме викнаа во Австралија, но не сакаа да ми дадат работна виза, велат само до 75. години, и така ми пропадна една убава тезга, се изедов жива, но никогаш не е доцна“, раскажа во една пригода Добрила за „Гранд“.