Реклама
Престиж

Вози како што живееш!

Реклама

Golf – класа, што е тоа: кола со која се оди на Голф? Автомобилите дефинитивно веќе некое време не се делат по величината и цената, туку по својата намена: на оние за градска или пак за off – road вожња, на спортски и лимузини, семејни и за на плажа…Да направиме мала ретроспектива на она најдоброто што можевме да го видиме последните неколку години.

Маркетинг

Некогаш одамна точно се знаело кој автомобил на која класа ú припаѓа, на која марка и за што служи. Денеска веќе никој не знае што е што, кој кому припаѓа, а често пати на прв поглед воопшто и не е јасно за што би требало да служат одредени примероци на четири тркала. 

Тоа е последица на лудата трка на производителите по автомобил за препознавање. Имено, денес (односно неколку години наназад) кога пазарниот натпревар е пожесток од било кога, а економските закони се понемилосрдни, многу произведувачи се ’присилени‘ заеднички да развиваат и делат платформи, мотори и останатите делови, за да заштедат на трошоците на производство. А тоа значи дека на пазарот има многу различни автомобили, со различни значки кои под лимот се скоро потполно исти. И додека муштеријата се уште колку – толку може да биде уверен дека воопшто не е лошо тоа што два по намена, статус, углед и класа потполно различни автомобили како што се на пример Audi A3 и Volkswagen Touran, делат потполно иста платформа со Golf 5, како тоа да се направи кога во прашање се коли од иста класа но од различни производители, како што се Mazda 3, Ford Focus и Volvo S 40?

Маркетинг

alt

Поради сето ова од дизајнерите денес се очекува да нацртаат што поекстравагантен, понеобичен и што поразличен автомобил, а дса притоа не ја поминат границата помеѓу добриот вкус, привлечноста и препознатливоста. Затоа што, колку и да се муштериите желни за нешто ново и свежо, исто толку се и конзервативни, не сакаат радикални промени и имаат потреба за поистоветување со нешто однапред познато. Сите кои денеска, сакаат да бидат значајни играчи во автомобилската трка на 21 век, денсаат по тенка линија. Затоа што денес автомобилите се технолошки многу слични – повеќе нема „лоша кола“, може само да се говори за лош квалитет на изработка, недоверба и слично.

alt

Колку многу зависи успехот од погодената конструкција и дизајн, најубаво од пред неколку години сведочи Renault, произведувачот кој имаше храброст прв да ги воведе потполно новите концепции на автомобили на пазарот како што се едноволуменските Escape и Scenic, a кои потоа сите почнаа да ги копираат.

Тоа е само уште еден доказ дека ризикот знае да се исплати (во комбинација со креативното размислување, се разбира), но секако дека постојат и падови. А тие и тоа како болат, а чинат пак уште повеќе. Па така останува само прашањето кој има ’цврст грб‘ и стабилни партнери, колку моќна сигурносна мрежа можат да си осигурат и колку падови можат да си дозволат.  Последниве 3, 4 години тоа убаво го илустрираат, а сигурно дека ќе биде уште поинтересно и во иднината. На патиштата ќе биде забавно, ’Плејбоите‘ како и секогаш, ќе знаат да проценат која кола ќе им донесе најмногу задоволство. Затоа што некому му е најважно за колку секунди ќе иде до стотка, а на друг колку е простран гепекот. 

Овој пат ние ќе ве потсетиме на 3, 4 автомобили кои нам лично ни имаат оставено најголем впечаток во последните 5, 6 години. Ако нешто сме пропуштиле во текстов, нашата редакција е секогаш отворена за сугестии.

FERRARI F 430

Син на Enzo и Формула

alt

Најмалиот модел на Ferrari кој на пазарот излезе 2005, наследник на Modena 360, дизајнерски се потпре на ултраспортскиот F60 Enzo, а технички на искуствата од Formula 1. Резултат: суператрактивен, ултрабрз уличен болид кој што 4.3 литарскиот V8 мотор со дури 490 КC, од место до стотка го катапултира за 4 секунди и си тера се така до 315 km/h. НО, рачката за трепкачите е од Fiat

BMW M5

Ѕвер во смокинг

alt

Според нашата маленкост, ова е најсофистицираниот и технолошки најнапредниот сериски автомобил кој се има појавено на пазарот во последните 5, 6 години. На пример: самото менување на брзините со секвенцијален менувач кој има шест режима на работа, полн со технологија благодарение на која секоја домаќинка може без проблеми да го вози. А кога ќе биде одврзан од ланецот, се претвора во ѕвер кој може да влезе во ринг и со најопасните!

PONTIAC SOLSTICE

Враќање на пистата

alt

Пред големата финансиска криза која што ја зафати познатата американска компанија, во есента 2005 на пазарот го исфрлија својот прв модел на новата “kappa” платформа на компактен спортски автомобил. Малиот спортски roadster со заоблени линии и со неизбежна ретро линија во техничка смисла е инспириран од Speedster-от (копија на Opel на револуционерниот Lotus Elise), а преку задните тркала го влечи 2.4 литарски Ecotec, со 170 КС.

MINI COOPER CONVERTIBLE

Смести се и нагази!

alt

BMW со „Минито“ направија и дизајнерски и технички многу подобра работа, отколку со VW Бубата, кој што сепак се беше прв досетил за реанимација на легендите. По нив истото го направија и италијаните со FIAT 500. Со својата носталгична компонента, Mini е модерен автмобил со идентитет, што го докажа изминативе неколку години. А кога 2006 се појави и без кров и четири седишта, навистина повторно на сите ни ги подгреа симпатиите за него.   

Сакате секс? Сакате брзи коли? Рокенрол? А сеир?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button