Воздржете се од ова утре, за да ве услиша големата светителка – ќе ви се откријат многу вистини
Света Ефимија е утеха за сите кои бараат сила да се спротивстават на неправдите, како и за оние кои ја бараат светлината на вистината.

Во православната традиција, името на Света великомаченица Ефимија од Халкидон се издигнува како симбол на чистота, вера и непоколебливост.
Родена во благочестиво семејство, од татко сенатор и мајка полна со добрина, таа уште од својата младост се воспитувала во духот на христијанството. Била девица не само по тело, туку и по душа, подготвена да ја жртвува својата младост и убавина заради Христа.
Во време на прогонот против христијаните, кога проконзулот Приск нареди принесување жртви на идолот Арес, многумина верници беа откриени и изведени на суд. Меѓу нив беше и Ефимија.

И покрај тоа што ѝ било понудено големо богатство, таа не се поколеба и остана цврста во својата вера. Била подложена на ужасни мачења, го преживеала тркалото со ножеви што ангел Божји го скршил пред очите на неверниците, огнена печка што не ја повредила, ров исполнет со отрови и змии што ги победила со крсниот знак. На крајот, била фрлена пред диви ѕверови, но и тие ја поштедиле, освен еден кој ја ранил по нозете. Од таа рана таа го предаде својот дух и премина во вечната радост.
По нејзиното мачеништво, родителите чесно го погребале нејзиното тело, а гробот станал место на молитви, но и на чудотворни исцеленија.
Во храмот посветен на Ефимија подоцна се одржа Четвртиот вселенски собор, каде што токму преку нејзините мошти беше потврдена православната исповед на верата. Чудото, кога свитокот со вистинското учење се најде во нејзината десница, ја прослави како застапничка на вистината и чуварка на верата.

На што е заштитничка?
Света Ефимија се почитува како небесна покровителка на оние што се соочуваат со искушенија и духовни сомнежи.
Таа е утеха за сите кои бараат сила да се спротивстават на неправдите, како и за оние кои ја бараат светлината на вистината.
Нејзиното застапништво се чувствува особено во мигови кога човекот се наоѓа меѓу заблуда и вистина.
Што треба да направите утре во чест на Ефимија

Милостина кон сиромашните и грижа за болни се дела што се сметаат за најголем дар во нејзина чест.
Но на денот на Ефимија треба да се воздржиме од празнословие, односно од оговарање и празни зборови, и да го посветиме времето на смирена молитва кон светицата која брзо ги услишува молитвите.