Христос Воскресе!
Сите православни верници денес го слават Велигден!

Во името на редакцијата на Гламур на сите православни верници им посакуваме да го поминат најголемиот христијански празник исполнети со љубов, здравје и радост. Велигден е најголемиот христијански празник затоа што Христово воскресение ја означува суштината на христијанското учење, како триумф на верата и животот.
Исус Христос, според црковното учење, на Велигден воскреснал и ги отвори вратите од рајот.
Според учењето, Исус е распнат во петок, саботата ја поминал во гpoбoт во градината на Јосиф, а во неделата, во раните утрински часови се почувствувал силен земјотрес.
Тогаш ангелот Божји слетал на неговиот гpoб.

Чуварите што го чуваа гробот, од страв паднале и не давале знаци на живот, а Исус воскресна.
Се верува дека на Велигден Марија Магдалена била прва што го сретнала, а потоа тој им се јавил и на своите ученици. Само ученикот Тома, кој бил отсутен, не поверувал веднаш дека Христос воскреснал, па морал лично да се увери. Оттука и популарната изрека, „Неверниот Тома“.
На велигденската трпеза на масата стои украсен сад со обоени јајца. Најпрво домаќинот ќе земе едно јајце, а по него и останатите членови од семејството. Потоа следува радување и натпревар чие јајце е најсилно. Тоа е голема радост за децата, но и за возрасните. Кога се кршат јајцата, исто така се кажува „Христос на воскресна“ и „Ваистина воскресна“.

На Велигден најпрво се јаде вареното велигденско јајце, а потоа и останатото јадење. Тој ден, ако гостин дојде во куќата, најпрво му се дарува бојадисано јајце, а потоа се послужува со други понуди.
Што претставува бојата во која ги бојадисувате јајцата?
Сигурно се сеќавате како уште од мали нозе седевте во кујната со вашата мајка и ги бојадисувавте јајцата. Оваа традиција е многу стара и секојдневно е присутна во секое домаќинство ширум светот кое го слави Велигден. Но, знаете ли кое значење најчесто се крие зад одредените бои во кои ги бојадисувате јајцата?
Црвена боја
Оваа боја се поврзува со крвта на Исус Христос. Затоа оваа боја е симбол на љубовта и жртвата за доброто на сите луѓе.
Виолетова боја
Виолетовата боја го претставува кралството и затоа се смета дека носи богатство.
Зелена боја
Зелената боја со себе носи одредена надеж, па симболизира повторно раѓање и обнова.
Жолта боја
Жолтата боја се поврзува со светлоста на сонцето. Таа носи среќа и радост.
Портокалова боја
Портокаловата боја симболизира надеж и се поврзува со почетокот на нов ден и нова годишна доба.
Розова боја
Во текот на Велигден, розовата боја симболизира нов, свеж почеток.




