Реклама
Престиж

VOLVO C 30 – Шведски шминкер

Реклама

Во еден пакет се споени скоро неспојливи работи – елеганција, убавина, техничка супериорност, врвна изведба, шминкерски детали и најголема можна сигурност.

Маркетинг

Направен е во Шведска, во 2006 година и се вика Volvo C 30, а на улиците се појави во 2007. Таа свечена случка го означи враќањето на фабриката во популарната ’golf ‘ класа. За разлика од конкуренцијата, C 30 во сериската понуда го даде она што до тогаш сите останати го наплаќаа, па дури и повеќе од тоа. 

За почеток ќе ги споменеме врвниот звучен систем Alpine, со дигитален 5 x 130 W ICE засилувач, Dolby Pro Logic II Surround звук и на сето тоа додадени и Danish Dynaudio звучници. Сето тоа во серија! Во оваа прилика го издвојуваме и BLIS составот за проверка на мртов агол кој му помага на возачот да го забележи возилото од задната бочна страна, WHIPS составот против странични оштетувања на вратата и SIPS составот за заштита од бочни удари со странично поставени перничиња и воздушна завеса. И ова исто така во серија.

Маркетинг

Прекрасната внатрешност собира четири возрасни патници на (повторно) шминкерски раздвоените седишта во повеќе бои, а овде е и ултратенката средишна конзола преку која се контролира целата електроника сместена под каросеријата. Повторно во серија!

За погонот се грижи 1.6 литарски бензинец или 5 цилиндерски со ознака D5, од 180 до 220 КС, а за љубителите на дизелот има и нафташ 1.6 од 110 КС. Со феноменален агресивен изглед и во првата година продадени 65 000 парчиња, изгледа како недостижен сон, но… 

alt

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button