Реклама
MAMAРецепти

Волшебен напиток за опуштени моменти: Топло чоколадо со тајни состојки (Рецепт)

Реклама

Во оваа доба најмногу одговараат топлите напитоци, а топло чоколадо никој не одбива. Денес ви прикажуваме еден рецепт за малку поинакво топло чоколадо, за оние со посебен вкус.

Потребни состојки:

  • 2 кесички чај од нане
  • 250 милилитри вода
  • 375 милилитри млеко
  • 100 грама горко чоколадо
  • Шеќер по желба
  • Слатка павлака
  • Неколку листови свежо нане

Начин на подготовка: Кесичките чај прелијте ги со врела вода и оставете ги да постојат 10 минути. Во меѓувреме зовријте млеко, па тргнете го од оган, додајте искршено чоколадо и мешајте додека чоколадото целосно не се стопи. Отстранете ги кесичките чај, па полека мешајќи ставете ги во чоколадното млеко. Вратете го млекото повторно на оган и внимателно загрејте до варење. По желба додајте шеќер.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button