Сакате да изгледате совршено во бикини, а немате многу слободно време за вежбање и немате некоја силна волја да ја смените исхраната?
Не очајувајте, не сте сами, повеќето од нас спаѓаат токму во оваа категорија.
Не мора да правите ништо радикално (во смисла „од понеделник сум на диета“). Понекогаш се доволни само некои мали промени и веќе сме на добар пат кон целта. За почеток, пробајте го овој волшебен зелен пијалак, смути од спанаќ кој содржи многу витамини, и кој ќе ви помогне да ја задржите формата, но и да ослабите неколку килограми доколку имате вишок.
Ова смути им е омилено на многу познати девојки, а меѓу нив и на Џулијана Хаф која е позната како девојка која води сметка за својата линија и сака мускули, но не и наслаги на стомакот.
Спанаќот изобилува со витамин А, кој е одличен за здрава кожа, коса и очи, а тука е и витаминот Ц, како и голема количина на манган и калиум. Ова смути со спанаќ содржи околу 300 калории и е сигурен извор на протеини, што овозможува да се храните квалитетно, но како што рековме на почетокот, и истовремено да слабеете.
СОСТОЈКИ:
– Две шолји исчистен спанаќ
– 1 зрела круша
– Бело или црвено грозје по желба
– Јогурт
– 2 лажички сечкано авокадо
– Сок од лимета (лимон)
Па доколку сакате да имате линија како девојката на Попај, Олива, крајно време е да го вклучите блендерот и да ги измешате состојките до саканата густина.