Доколку се чувствувате тешко и надуено и имате грижа на совеста дека во последно време многу си дозволувате калорична храна, време е да преземете мерки да го прочистите организмот и да почнете да се ослободувате од вишокот килограми.
Во тоа ќе ви помогне овој едноставен пијалак од само две состојки – лимон и ѓумбир.
Пијалокот се прави брзо и лесно, и претставува одлично средство за чистење на организмот од отровите. Го поттикнува метаболизмот и го забрзува процесот на слабеење, така што, ако редовно го пиете, за кратко време ќе можете да ги забележите првите резултати.
Ѓумбирот е силен антиоксиданс кој ја подобрува работата на црниот дроб и претставува одлично средство за детоксикација на организмот. Помага кај проблемите со подуеност и ја забрзува работата на органите за варење. Лимонот од друга страна има диуретски својства и го поттикнува исфрлањето на отровите од телото.
Состојки:
– 3 дцл. вода на собна температура
– исцеден сок од половина лимон
– 1 цм. корен од ѓумбир
Подготовка:
Изрендајте го ѓумбирот и заедно со исцедениот сок од лимон ставете ги во чаша млака вода, оставете го пијалакот малку да отстои и потоа испијте го.
Доколку сакате можете пијалакот да го засладите со многу малку мед.
Овој волшебен пијалак служи за детоксикација на организмот и како помош при диети, но и како здрав утрински пијалак кој ќе ви помогне да го исчистите организмот од токсините кои се насобрале по период кога повеќе сте јаделе, на пример по празници.
Извор: zadovoljna.hr