Таа секогаш го зборува она што го мисли, објективна е и не дозволува нејзините емоции да ѝ направат збрка. Се работи за жената Водолија.
Таа е независна, а секој ваш обид да ја задржите или да ја ограничите, прави само да се оддалечи од вас. Независноста не е само нејзина желба, туку и нејзина доблест и среќа. Нејзината студена надворешност сокрива пријателско срце кое ќе им помага на најблиските секогаш кога ќе го побараат тоа. Таа сака кога луѓето се среќни и весели и секогаш прави сѐ за другите да се чувствуваат добро. Не очекува ништо за возврат. Единствено ѝ е важно никој да не ѝ ја ограничи слободата, за да може да живее без какви било обврски. Едноставно, дозволете ѝ да биде своја.
Водолијата сака да направи нешто корисно во својот живот. Комиуникацијата со луѓе може да ѝ помогне да стане одличен политичар, социјален работник или психолог. Таа често е отворена за нови идеи и теории и постојано е во потрага по мудрост. Прилично е објективна и не дозволува емоциите да ѝ го поматата умот. Секогаш бара интелектуална стимулација и постојано открива нешто ново.