LIFESTYLEХороскоп

Водолиите знаат што сакаат и токму поради ова се разликуваат од другите жени

Advertisement

Жената Водолија е независна и го живее животот според свои правила.

ФОТО: unsplash.com

 

Advertisement

Водолијата е воздушен знак, па затоа е и многу желна за надворешна стимулација. Таа е свесна за својата внатрешна моќ и не постои ништо на светот што може да ја сопре во своите намери. Таа е полна со живот и сака да ги држи нештата под своја контрола.

Жената Водолија се разликува од другите по тоа што таа точно знае што сака. Свесна е за своите цели и квалитети и затоа никогаш не се откажува пред предизвиците кои доаѓаат. Не сака монотони луѓе, а најмногу ѝ е потребна слободата. Не се впушта лесно во љубовни авантури, затоа што се плаши дека близината со партнерот може да ѝ ја одземе слободата. За Водолијата тотално незамисливо е да не биде она што навистина е. Токму поради оваа карактеристична автентичност, сите сакаат да бидат во нејзина близина.

Водолиите секогаш се трудат да бидат позитивни, дури и тогаш кога им навира река од емоции. Романтични се, знаат што бараат, живеат бурно и добро ги проценуваат другите. Па, има на што да им завидуваме!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button