Кога зборуваме за вистински бунтовен дух, тогаш тоа го поврзуваме со Водолиите. Тие никогаш нема да се задоволат со просечниот и „обичен“ живот.
Водолиите во секој аспект од својот живот бараат нешто што ќе ги возбуди и ќе им даде дополнителна доза адреналин. Обично се заљубуваат во личности кои се слични на нив и кои сакаат да експериментираат, па и да „живеат на работ“. Сепак, тоа не значи дека не се сериозни. Кога еднаш ќе се заљубат, ќе направат многу работи за на таа личност да ѝ ги покажат своите чувства.
Нејзините јаки емоции ја прават одличен пријател кој умее да слуша и да сочувствува со оние кои ѝ се драги. Таа исто така умее да дава и многу добри совети. Многу Водолии се големи хуманитарци и активно бараат начин да им помагаат на оние луѓе на кои им е потребна поддршка.