TVНаши ѕвездиНовости

Водителот Жика Јакшиќ заплака пред камерите – ова го забележаа и гледачите, беше тажно за гледање

Најемотивната сцена од популарното шоу

Advertisement

Никогаш не ги криел своите емоции

Жика Јакшиќ кој неодамна излезе од болница, ги израдува своите фанови кога се гласи и откри дека здравјето му се подобрува.

Advertisement

Тој иако се уште оди на терапии и го вежба говорот со логопед, најави дека за неколку недели се враќа на малите екрани.

Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна

Оваа вест ги израдува љубителите на „Никогаш не доцна“ според кои емисијата не би била тоа што е без него.

Advertisement

Жика не само што е идеен творец на овој проект, туку тој со својот шарм и харизма и дава и посебен шмек на емисијата.

Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна

Тој многупати досега бил и крајно емотивен пред камерите, а една снимка на кој тој се расплака, деновиве повторно стана вирална.

Станува збор за моментот кога на сцената настапи натпреварувач кој важи за еден од најпознатите пејачи на ромска музика.

Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна

И додека Бошко Јовановиќ познат како Бошкиќ (62) ја пееше „Рашири ги рацете мајко стара“, Жика се бореше со своите емоции.

Имено оваа емотивна балада расплака многумина во студиото, а посебно допре до срцето на познатиот водител.

Бошкиќ, ни го расплакавте Жика вечерва, констатираше тогаш пејачката Весна Милановиќ, а Жика со грутка во грлото призна дека оваа нумера за мајките секогаш знае да го погоди во срце.

Потсетуваме, Жика неодамна во интервју за српскиот Информер зборуваше и кога планира да се врати пред камерите.

Тој не можеше да присуствува во финалето од претходната сезона затоа што заврши во болница, а по излегување неговата здравствена состојба се подобрува, па неодамна и се огласи во медиумите.

Што изјави тогаш тој но и дали од септември повторно ќе го гледаме на малите екрани дознајте од линкот во продолжение:

Жика се соочува со сериозни здравствени проблеми – гледачите се прашуваат што се случува со шоуто

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button