CelebrityНаши ѕвезди

Водителот од Канал 5 доживеа голем стрес- сподели што му се случи, цел Фејсбук го крена на нозе!

Advertisement

Популарниот новинар, уредник и водител Роберт Јанков, долгогодишен работник во Канал 5 телевизија, каде што ја води утринската програма е голем миленк кај повозрасната публика.

Роберт стана популарен по контактната емисија „Здраво Македонијо“, кој е меѓу првите водители кои ги отвори телефонските линии за секојдневна директна комуникација со гледачите. Тоа што им дава простор да се јават и јавно да го кажат своето мислење ги собра симпатиите кај пошироката јавност.

Advertisement

Водителот е популарен и на социјалните мрежи, специфично е што како во „харем“ тој во утринската на оваа телевизија е единственото машко опкружен со преубави жени, неговите колешки Милена, Јелена, Вера, Александра и Цеце.

Јанаков не споделува премногу од својот приватен живот, но неговите пријатели на Фејсбук имаат по малку претстава за тоа дека е татко на Кирил и сопруг на пејачката Моника.  Тој сака животни и има миленик, куче.

Advertisement

Оние кои не знаеа вчера дознаа за тоа дека тој чува куче по име Мајли, откако Роберт објави паничен статус дека им го нема кучето.

Како што стоеше на статусот, водителот опиша дека во Кисела Вода околу Расадник одеднаш и се губи траг на кучката и побара помош од пријателите да споделуваат со надеж некој ако ја види да им ја врати. Објави и фотографија од слаткиот миленик.

Експресно се нижеа коментари за да помогнат и сите го споделуваа статусот. Фејсбук пријателите на Роберт се крена на нозе за да му помогнат.

Роберт апелот го сподели и на стори на Инстаграм.

фото: Instagram story

По кратко време, пристигна и среќната вест дека паметното кученце е најдено!

Среќни сме што оваа приказна заврши успешно.

По оваа бројни радосни коментари се надоврзаа на радосната вест.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button