Водителката Татјана никогаш посреќна и поубава, и партнерот Михаил си блескаше покрај неа
Ова беше посебен ден за нашата позната водителка
Беше лудо, весело и незаборавнo…
Една од нашите најпознати водителки, Татјана Стојановска, го прослави својот јубилеен 50-ти роденден.
Шармантната водителка реши да направи журка за паметење во еден ресторан каде се појави во црн фустан со светки.
Секако веднаш покрај неа тука беше и нејзиниот сопруг Михаил како и бројни нејзини колешки и колеги на сите нам познати од малите екрани. Познатата водителка цело време не ја тргаше насмевката од своето убаво лице, а на главата носеше славеничко златно венче.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Татјана беше пресреќна што својот роденден го слави со своите блиски и најдраги пријатели, па цела вечер радосно позираше и се смешкаше.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Покрај неа блескаше и нејзиниот партнер, а Татјана најмногу се радуваше на подароците што цела вечер ги добиваше.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Следуваше и изненадувањето со тортата, кога водителката си замисли желба и ги дувна свеќичките од тортата.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Татјана веднаш се огласи на Инстаграм и сподели моменти од роденденот, а она што сите го забележаа е дека изгледа прекрасно.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Имено, Татјана и покрај тоа што зачекори во шестата деценија од својот живот таа веќе со години изгледа речиси исто.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
И заради нејзиниот безвременски шарм многумина ја нарекуваат македонската Моника Белучи и важи за една од нашите омилени познати дами. Таа својата професионална кариера ја започна како манекенка и во младоста беше избрана за Мис на Македонија, а со својата убавина плени и денес.
По завршување на средно економско запишува Економски факултет, а паралелно со студиите ја започнува и својата телевизиска кариера.
Фејсбук/ диџеј Мац
Татјана и минатата година ги изненади сите со една преубава вест – имено, таа и нејзиниот партнер зачекорија во брачните води.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Тие своето судбоносно „да“ го кажаа истиот ден на кој Михаил точно десет години претходно ја запроси, а како Татјана блескаше и како невеста, потсетете во продолжение…