Водителката се појави на свадба и го украде шоуто – Лила никогаш поубава, ги собра сите погледи (фото)
Облече преубав фустан, ова беше посебен ден за неа

Познатата водителка блескаше во својот с*кси фустан на една свадба и за ова издание доби ласкави комплименти.
Нашата позната водителка, Лила Филиповска (53), беше гостинка на една свадба и кога се појави сите ги воодушеви.
Таа доби голем број комплименти за ова свое издание, буквално блескајќи од глава до пети во тесниот фустан што го носеше.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, Лила овој пат избра црн фустан зачинет со светкави детали кој беше потполно залепен за нејзиното тело.
Креацијата ги истакна раскошните облини на убавата водителка која чекори во шестата деценија, но која се уште изгледа минимум десетина години помладо, па на изгледот можат да и завидуваат и многу помлади. Таа доби голем број комплименти за ова издание, а како изгледаше и зошто сите беа воодушевени, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Креацијата што водителката ја избра за оваа посебна пригода беше зачинета со светкави детали кои беа симетрично распоредени и многу погусти во горниот дел. Тесното здолниште пак, беше полупроѕирно, така што се гледаа и нејзините згодни нозе на кои носеше елегантни црни сандали со тенки ремчиња и високи потпетици.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Горниот дел беше без прерамки, па во фокусот беше раскошното деколте на нашата позната водителка, а целото издание го заокружи со романтични и за нијанса посветли локни во косата, тренди очила за сонце и малку посилна шминка.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Од модни додатоци носеше и мала чантичка и светкава широка нараквица која одлично се вклопи со дизајнот на фустанот.