Водителката од Брза кујна сите ги изненади со кусото здолниште, но и со насмевката од милион долари
Прекрасна дама...

Водителката доби бројни комплименти со ова издание
Познатата водителка Сања Савеска на својот Инстаграм сподели неколку фотки од едно од најубавите изданија досега.
Станува збор за кусо здолниште и блуска со кратки ракави со кои таа се појави на снимањето на „Брза кујна“ и заблеска покрај своите колеги. Изгледаше елегантно и гламурозно, а комбинацијата беше одличен спој на некои минати времиња и модерни идеи во модата.

Инстаграм/ Сања Савеска
За холивудскиот шмек допринесе и преубавата фризура, но секако и харизмата со која убавата водителка зрачи пред камерите.
Нејзината коса беше пуштена и зачинета со нежни бранови, а црвениот кармин и маникир го заокружија ова нејзино издание.

Инстаграм/ Сања Савеска (Д. Ганевиќ)
Следува бројни позитивни коментари и реакции од нејзините следбеници, а и колегите сигурно останаа без зборови.
Потсетуваме, Сања е една од омилените македонски водителки, а привлекува внимание и со своите објави на Инстаграм.
View this post on Instagram
Таа е една грациозна дама која во секое свое издание блеска од глава до пети, без разлика дали е на телевизија или ќе ја сретнете на некој настан. Водителката едноставно зрачи со позитивна енергија, а на нејзината насмевка ретко кој може да остане рамнодушен.

Инстаграм/ Сања Савеска
Што се однесува до тоа како се негува и која е тајната на нејзиниот шарм, Сања во една пригода ги откри нејзините ритуали. И како што самата вели, внатрешната рамнотежа има големо значење и кога е убавината во прашање, а што друго сподели тогаш таа, откријте тука.




