CelebrityНаши ѕвезди

Водителката од Алфа ТВ претрпела стрес- На Фејсбук сподели што ѝ се случило и кој ѝ помогнал

Advertisement

Една од најубавите телевизки водителки, новинарката и спикерка од Алфа телевизија, Елена Марковска, сподели емотивна порака.

Таа чува милениче, маче, кое очигледно многу го сака и има посебно значење за неа. На мачката по име Софи и се случила страшна незгода, па четири дена не била дома. Водителката со помош на пријатели, родни ни и соседите се обидувале да го спасат кутрото животно пропаднато во дупка.

Advertisement
фото: Фејсбук

На крајот се завршило добро, а Елена пресреќна јавно им се заблагодари на сите кои ѝ помогнале во подвигот да ја спасат нејзината мачка,

Дечки ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ ДО НЕБО!!!
Софи е дома!!! Мојата СоУфи е жива и здрава!!!
3 ноќи и 4 дена беше заглавена во дупка откако падна од тераса.. За голготата нема да раскажувам оти сега е тотално небитно! Со камера под земја, со раце изгребани, гнасни валкани, за да завршиме со хилта, во тотално непристапен терен, успеавме СоУфи да ја извадиме и спасиме.
Јас сум физички и психички исцрпена, но пресреќна што околу себе имам ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ кои несебично ми помогнаа Софи ДА ЖИВЕЕ!
ЈАС СУМ БОГАТ ЧОВЕК, ОТИ НЕПОБИЕН ФАКТ Е ДЕКА – ТИЕ ШТО ГИ САКААТ ЖИВОТНИТЕ ГИ САКААТ И ЛУЃЕТО, А ОКОЛУ МЕНЕ БАШ ТАКВИ ЛУЃЕ ИМАМ И ТОА МНОГУУУ !!!
Од другари, пријатели, комшии на сите до еден ви се дивам на човечноста и душата!
100 пати БЛАГОДАРАМ !!!
Софи е преморена, но спокојна ..
Таа ви мафта со опашката, а јас ви ветувам собиранка на тераса ама сега со дружба, пијачка и журка !!!

 

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button