Наши ѕвезди

Водителката носи хулахопки, но друго ништо?! Лила со мускулестиот шизик го запали интернетот

Носи ли нешто друго освен хулахопки?

Advertisement

Таа е една од нашите најпознати водителки, но и наша модна икона која со своите објави на социјкалните мрежи остава без здив…

Нашата позната водителка Лила Филиповска речиси секојдневно привлекува внимание со своите беспрекорни модни изданија.

Advertisement

Но водителката овојпат ги помести границите, па со ова свое издание уште еднаш покажа зошто е една од омилените дами.

Принтскрин/ Јутуб, ТВ Сител

Облечена во максимално провокативно издание, позираше покрај својот пријател и познат фризер, а она што сите ги изненади е што познатата водителка не носеше ништо во долниот дел, освен мрежести хулахопки и најверојатно црно боди под кожната јакна.

Покрај неа блескаше и познатиот фризер и стилист Зоки Давитков, а овие фотки се ремек-дело на пријателот и колегата на Лила од Сител, Спасе Јовановски, на Инстаграм познат како „Рола до бола“.

Фејсбук/ Лила Филиповска, Рола до бола

Лила стајлингот го зачини и со црните сандали со екстремно високи штикли со кои дополнително ги истакна своите згодни нозе.

Фејсбук/ Лила Филиповска, Рола до бола

Со ова свое издание водителката уште еднаш покажа дека е една од најубавите и најстилизираните дами на нашата сцена.

Фејсбук/ Лила Филиповска, Рола до бола

Впрочем за тоа зборуваат и реакциите на социјалните мрежи, а сите се согласни дека оваа дама и во шестата деценија остава без здив.

Се согласувате со нив, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button