Водителката не жали пари за себе, само за „папучите“ ПОТРОШИЛА ПОВЕЌЕ од една просечна плата
Нашата позната водителка ги следи трендовите, па секако не можеше да му одолеа ни на овој

Овој пат во прашање се најпопуларните папучи на светот од кои Лила Филиповска има неколку модели во своите плакари
Таа гордо ја гази шестата деценија од животот, а на нејзиниот изглед можат да и завидуваат и многу помлади жени.
Таа и денес важи за една од најпосакуваните дами од нашите мали екрани, а својот изглед го одржува така што води сметка за својата исхрана, редовно вежба, но и посетува козметички салони.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
Водителката и денес плени каде и да се појави, а тоа го прави и на социјалните мрежи со своите објави.
Така беше и сега кога Лила сподели неколку фотографии на кои позира во црно издание на една преубава песочна плажа.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката носеше тесен црн фустан со кој совршено ја истакна линијата на своето тело, а во фокусот беше нејзиното деколте.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа најпрво позираше боса, а потоа ги фотна и своите омилени папучи, но овој пат во црна нијанса, кои потполно се вклопија во ова издание.
Станува збор за едни од омилените папучи на многу познати дами и кои можат да си ги дозволат само оние со малку подлабок џеб.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Лила потоа позираше и со чанта која чини минимум неколку просечни плати, а целото издание го зачини со тренди очила за сонце исто така од познат бренд, но и со широк, црн ремен со кој дополнително го истакна во преден план своето раскошно деколте.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Интересно пролетно издание на убавата водителка, нели?