CelebrityНаши ѕвезди

Водителката Искра ја покажа преубавата ќерка, цела е на мама – „Мојот бел лебед“

Advertisement

Водителката Искра Канзурова , телевизиско лице коешто секојденевно ја гледаме во утринските часови на Алфа ТВ, не се експонира премногу со својата јавност.

Advertisement

За разлика од минатото како поранешна сопруга на Игор Џамбазов кога нејзиното име беше често дел од жолтиот печат, денес Искра верно ја чува својата приватност за себе и многу ретко знае да сподели некоја семејна фотографија.

Освен што е посветена на својата професија, посветена е и на своето семејство.

Advertisement

Долги години е во брак со Владимир Канзуров и горда мајка е на ќерката Матеа и синчето Меглен.

Во воспитувањето, како и кај повеќето балкански мажи, улогата на Владо е главна кога успесите на децата се негова заслуга, а за неуспесите сум јас виновна. Хахаха, се шегувам. Супер баланс си имаме. Секогаш кога ќе му згусти, се качува на еден од неговите велосипеди, тоа си е неговиот издувен вентил и потоа се враќа дома како бајче, рече Искра во едно интервју.

Ќерката на Искра и Владимир е балерина која веќе ги ниже своите успеси.  А мама е горда на оваа прекрсана млада убавица и ги споделува нејзините успеси. Овојпат Искра сподели фотографија со ќерка ѝ која била белиот лебед во Лебедово езеро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button