Водителката Дракче сподели на Фејсбук преубава вест – најсреќната баба со внуката Ема полуматурантка
Порасна внуката на Дракче – бабата горда, ги изненади сите со фотографијата што ја сподели

Нашата позната водителка Драгица Стевковска Дракче поприлично е активна и на социјалните мрежи.
Покрај својата емисија „Гответе со Дракче“ што се емитува на Канал 5 ТВ и каде таа готви вкуси јадења со нашите познати личности, на социјалните мрежи понекогаш споделува и приватни моменти.
Така беше и сега, кога Дракче на својот Фејсбук сподели фотографија на која е со својата внука Ема.
Фејбсук/ Драгица Стевковска Дракче
Имено, познатата водителка која веќе четири децении е во брак со познатиот фолк-пејачот Орце Стевковски, има две ќерки.
Таа никогаш не криела дека најубаво се чувствува со своите најблиски, посебно кога ќе биде со своите внуци.
Фејбсук/ Драгица Стевковска Дракче
Овој пат таа сподели фотографија на која е со внуката Ема, а во коментарот опиша како се чувствува.
„Најсреќната баба со внуката Ема, шмизли де“, напиша Дракче во коментарот под фотографијата на Фејсбук.
Инаку, нејзината внука е полуматурантка, а гордата баба се пофали со уште неколку нејзини фотографии.
Фејбсук/ Драгица Стевковска Дракче
Потсетуваме, Дракче и Орце се во брак од 1984 година, а од своите две ќерки добија пет прекрасни внучиња.
Водителката минатата година прослави 40-годишнина од бракот, а како изгледала и како невеста, откријте тука.