Наши ѕвезди

Водителката Дракче прв пат зборуваше за болеста – гледачите загрижени, откри од што боледува

Познатата водителка реши да си ја отвори душата...

Advertisement

Познатата водителка Драгица Стефковска Дракче ова лето поминуваше низ тежок период, а сега реши јавно да зборува за тоа.

Водителката во емисија во „Канал 5“ телевизија прозборе за тешкиот период низ кој што помина заради здравствената состојба.

Advertisement

Како што самата откри, најпрво имала проблеми со срцето, а потоа и со ‘рбетот, заради што морала да лежи во креветот.

Принтскрин/ Јутуб, Канал 5

„Не се работеше за некоја болест која што го нападна мојот организам. Се случи несреќа – јас паднав по скали. Филмски. Кога сето тоа се случи си мислев, како што сум јас, не ми е ништо“.

„Ќе ми помине, но по две недели, се случија тие први симптоми на вртоглавица и повраќање. Кога направивме рендген снимка, рендген снимката вели Дракче под итно на кардиологија, затоа што срцето само што не прснало“, вели Дракче во емисијата.

Фејсбук/ Драгица Стефковска Дракче

Таа потоа откри дека и го лекувале срцето цели три месеци, но таа и за тоа време одела на работа во телевизијата.

„Насмеана на екраните, задно со моите гости, потоа кога сфатив дека јас воопшто не можам да се движам ме испратија во центарот за болки. Но јас бидејќи сум по природа личност која што, по малку да кажам е своеглава – правете што ќе правите, јас морам да сум на нозе, мора мојата емисија да трае, поради гледачите, и поради обврската кон нашите спонзори“, вели Дракче, па пред камерите го додаде и следново:

„Продолжи терапијата со инјекции, коктели, масажи, триста алтернативи, се додека јас овде не се онесвестив, во самото студио. И кога ја направивме компјутерската снимка веќе се виде дека јас всушност шест месеци сум работела со скршена коленица, другата напукната, ‘рбетот страшно растурен, и станав еден страшен пациент. Страшен пациент за докторите“, вели Дракче пред колешките од Канал 5 телевизија.

Фејсбук/ Драгица Стефковска Дракче

Објава од болничкиот кревет

Потсетуваме, Дракче, која јавноста ја познава како авторка и водителка на емисијата „Готвиме со Дракче“ и сопруга на пејачот Орце Стевковски, пред неколку недели сподели фотографија од болнички кревет со натпис: „Небото ме поздрави денес со срциња и ангелски крилја“.

Под објавата следеа стотици коментари со желби за брзо оздравување, а меѓу нив беа и порака од нејзината ќерка Ане, која напиша:

„Со лесно мајко моја. Ќе помине и ова. Те сакам!“.

Подоцна, Ане повторно се јави преку својот фејсбук-профил и откри дека состојбата на нејзината мајка е стабилна.

„Мама е добро. Фала ти Господе! Ви благодарам на сите за грижата и упатените молитви,“ напиша таа.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button