Водителката Цаци приватниот живот го крие како „змија нозете“, но овој детаљ исплива и сите ги изненади
Дали знаете чија ќерка е Цаци од телевизија Сител?
Познатата водителка отсекогаш привлекувала внимание и со својот приватен живот, а во продолжение ќе откриете и зошто
Имено, Славица Арсова важи за една од најпознатите водителки во Македонија, а еден детаљ од нејзината кариера сите се сеќаваат.
Водителката во 2012 година беше запросена од својот партнер, нејзиниот колега Александар Спасовски, и тоа додека ги водеше вестите. Александар тогаш се вклучи во вестите во живо, како известувач од една локација, и ја остави водителката без зборови кога ја запроси пред вклучените камери и бројните гледачи.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
Запросувањето на Цаци на Дневникот на Сител
Овој момент беше вистински шок за Цаци, но и за гледачите, а за оваа снимка и денес се прикажува како кај нас, така и во регионот.
Инстаграм/ Славица Арсова
Па така Цаци денес покрај својата успешна телевизиска кариера може да се пофали и со она за што многу жени сонуваат – среќен брак.
Таа и нејзиниот сопруг и колега Александар, кој исто така е почитуван новинар, од овој брак ја имаат ќерката Мила.
Инстаграм/ Славица Арсова
Но она што исто така е интересно за Цаци, а кое што малкумина го знаат, е дека и нејзината мајка е познато лице од малите екрани.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
Имено, Цаци е ќерка на легендарната македонска новинарка и водителка Розета Арсова (моминско презиме Рајчиќ), која долги години беше заштитно лице на Македонската Радио Телевизија. Таа и денес плени со својот шарм и е еден од оние наши телевизиски ликови што не се забораваат, а се уште е препознатлива и по својата боб-фризура која веќе со децении е нејзин заштитен знак.
Како Розета изгледа денес, но и како изгледала во младоста и дали личи на својата ќерка Цаци, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Славица Арсова
Инстаграм/ Славица Арсова
Инстаграм/ Славица Арсова
Па, на кого ве потсеќа оваа жена?