Тие сакаат забава и дружење… Прочитајте зошто е добро да го имате овој хороскопски знак за пријател
Водолиите се авантуристи, креативци, бунтовници. Нивниот динамичен карактер прави тешко да се врзуваат. Не сакаат да го трошат времето на емоции. Барем не додека не ја сретнат сродната душа. Тогаш никој не може да ги одвои од оние што ги сакаат.
Водолиите има разновидни интереси – сакаат музика, уметност, литература, сакаат да патуваат. Секогаш мечтаат за големи работи, сакаат да бидат успешни, а знаат да создадат и рамнотежа помеѓу работата и забавата. Но сакаат да чујат и пофалба ако добро ја завршиле работата.
Мажот роден во овој хороскопски знак сака и страда во љубовта>>>
Тие се лојални и како љубовници и како пријатели, но многу повеќе сакаат кога пријателите им приредуваат изненадувања.
Постојат и работи кои Водолиите не ги сакаат, како на пример – да ја изгубат својата слобода. Знаат да се пофалат себеси повеќе од реалното, не сакаат да должат пари, но нема ни да ви позајмат ако им побарате. Не сакаат наметливи и дрски луѓе, мрзат живот во кој треба да се водат од рутината, несогласувања, непријатни ситуации. Најмногу од сè – мрзат да губат.
Знаејќи дека за пријателите би направиле сè, верувајте, ги сакате во свое друштво!