Реклама
Култура[тор]

Водич за најдобрите фестивали во наша близина за ова лето

Реклама

„Доколку сеуште не сте биле на одмор, а по природа се човек/девојка кој/а што не може да и одолее на забавата, тогаш погледнете го овој водич и одлучете се каде ќе скокате летово.“

Маркетинг

Не мора вашето скокање секогаш да биде во вода и на плажа. Понекогаш и малку кал е доволно за тоа. А сето тоа зависи до каратерот и вкусот. Па погледнете што е најдоброто што го нуди копнена Европа (без Островот!) за тој ваш хир! 

INmusic, Хрватска

Маркетинг

alt

INmusic е најголем open-air фестивал во Хрватска кој за прв пат беше одржан во 2005 година. Од тогаш секоја година привлекува околу 25.000 луѓе. Досега на овој фестивал имаат настапувано имињата како што се  Franz Ferdinand, Lily Allen, Massive Attack и The Prodigy. Во 2008 година беше оценет како еден од најдобрите европски фестивали од страна на The Times.

За оваа година главни ѕведи на овој фестивал, кој ќе се одржи на 21 и 22 јули, се Jamiroquai, The Streets, Arcade Fire и Cypress Hill.

The Festival Internacional de Benicassim, Шпанија

alt

Benicassim е мал приморски град кој што се наоѓа помеѓу Барселона и Валенсија. Фестивалот традиционално се одржува во средината на јули, т.е. за оваа година од 14 до 17. Музиката на овој фестивал претежно е електронска и алтернативен рок, а најголема предност на фестивалот е тоа што нема „милиционерско“ ограничување. Музиката започнува во 17 часот и трае до 8 часот наутро. Исто така во близина имате и плажа, каде ќе можете да здивнете по целовечерниот пир.

Оваа година ќе настапуваат The Streets, The Strokes, Arctic Monkeys и Arcade Fire.

Roskilde, Данска

alt

Roskilde фестивалот во Данска е еден од најголемите европски музички фестивали. Прв пат е одржан во 1971 година. Се одржува од 30 јуни па до 3 јули, а оваа година настапуваа Arctic Monkeys, Iron Maiden и Kings of Leon.

Open’er Festival, Полска

alt

Овој популарен фетивал се одржува на аеродромот во Gdynia, град на северната обала во Полска. Се одржува на крајо на јуни и почетокот на јули, а негова главна карактеристика е големиот број на артисти што настапуваат на овој фестивал. За оваа година главни ѕвезди се (беа) Coldplay, Pulp и Prince.

Pukkelpop, Белгија

alt

Овој белгиски фестивал годинава ќе се одржи во близина на Hasselt од 18 до 20 август. Концертите се случуваат на поле, во близина на село, а секоја година тука поминуваат околу 180.000 луѓе. Минатата година главни ѕвезди на овој фестивал беа Iron Maiden, Placebo и Snow Patrol, додека оваа година публиката ќе ја забавува Foo Fighters, Eminem и The Offspring.

Pinkpop Festival, Холандија

alt

Најголемиот фестивал во Холандија се одржува во Landgraaf, а се смета за еден од најстарите фестивали во светот, бидејќи за прв пат беше одржан во 1970 година. Ова година беше одржан од 11 до 13 јуни, а публиката ги забавуваше Coldplay, Elbow и Manic Street Preachers.

Sziget Festival, Унгарија

alt

Sziget се одржува во Будимпешта и трае седум дена! Оваа година ќе се одржи од 8 до 15 август и за тоа време на бините ќе настапат повеќе од 1000 артисти. Минатата година на овој фестивал имаше 350.000 посетители кои беа тука за да ги слушаат Gorillaza, Iron Maidena и The Hivesa. За оваа година најавени се Kasabian, Amy Winehouse, Manic Street Preachers и Pulp.

Најдоброто нешто е тоа што на островот на Дунав, каде што се одржува настанот, можете да се забавувате во многубројните активности, како што се фудбал, веслање, џампинг, кино.. а што се однесува до цените, тие се многу поволни за било што на островот.

Into the Great Wide Open, Холандија

alt

Into the Great Wide Open е фестивал на поп музиката кој што се одвива во Vlieland, мал залив на крајбрежјето во Холандија. Карактеристичен е по тоа што нуди фамилијарна атмосфера и има многубројни работилници за деца. Се одржува од 2 па до 4 септември.

Exit, Србија

alt

Exit се одржува во Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Во 2003 година овој фестивал беше продолжен од 3 дена на 4, а годинава тој ќе се одржи од 7 до 10 јули. Досега на овој фестивал имаат настапено Fatboy Slim, The White Stripes, Lily Allen, Placebo и The Chemical Brothers, а за годинава публиката ќе ужива во звуците на Arcade Fire, Pulp i Jamiroquai.

Доколку сакате можете бесплатно да симнете МП3 со музика од нивната страна, која што ја издава дискографската куќа на организацијата на фестивалот.

altЗа останати текстови, кликни тука!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button