Реклама
Секс

Опасно е да се воздржувате од секс. Водете љубов!

Реклама

Луѓето кои, намерно или пак не, НЕ уживаат во редовниот секс често се со депресивно расположение, а пак “ сушата” во спалната соба знае негативно да се одрази на нивното здравје.

Добро нам познато ни е дека сексот е добар за психичко и физичко здравје на човекот. Оние кај кои сексот не е редовна  појава, чести се појавите како :

Маркетинг

 ДЕПРЕСИЈА 

Маркетинг

Доколку сексот не прави среќни логично е неговиот недостаток да не прави депресивни. Токму тоа го докажале Американски истражувачи во истражување кое го спровеле минатата година во Флорида. Според нивните резултати луѓето кои апстинираат ( намерно или пак не) често западнуваат во депресивно расположение, а пак доколку зачестат депресивните моменти, голема е веројатноста да се случи вистинска депресија.

 ИНФАРКТ 

Повеќе од  десетина студии од минатите децении потврдуваат дека редовниот и квалитетниот секс влијае на здрвјето на срцето. Секоја физичка активност  е добредојдена за здравјето на срцето , но сексот само по себе носи благодети, добри хормони кои благотворно делуваат на човековото здравје.

 НЕСОНИЦА 

Нередовниот секс не е нужно одговорен за несоница, ноќни кошмари и честите будења во текот на ноќта, но затоа е докажано дека сексот значително го подобрува квалитетот на спиењето. Поточно хормони кои се ослободуваат за време и по сексот имаат смирувачки ефект врз телото со што овозможуваат  подобар сон.

 НЕДОСТАТОК НА САМОДОВЕРБА 

Освен физичко задоволство, објаснуваат психолозите, сексот се сака од причина што после него  се чувствуваме одлично. Иако неможе да се даде објаснување зошто редовниот секс ја зголемува самодовербата се претпоставува дека тоа се должи на чувство на блискост и припаѓање кое носи оргазам. Сите овие емоции се својствени за секое човеково битие и сосема е природно да секој од нас го посакува тоа.

 СЛАБА КОНЦЕТРАЦИЈА 

Луѓето кои имаат редовен сексуален живот се значително  поефикасни и при работа. Поради хормоните кои се лачат при чинот, позитивно влијаат на човековата психа и здравето, а со тоа и концетрацијата се подобрува и се остваруваат подобри резултати при работа. За разлика пак кај помалку активните, концетрацијата  кај нив е на многуниско ниво.

Затоа не се штедете… ВОДЕТЕ ЉУБОВ!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button