MAMAДом и семејство

Воделе идентични животи – близнаци разделени при раѓање се сретнаа по 39 години и открија „паралелни“ случувања 

Обаjцата се одлучиле за кариера во полицијата, а нивните бракови исто така биле речиси идентични, дури и сопругите им имале исти имиња.

Advertisement

Џим Луис и Џим Спрингер, еднојајчани близначи од Охајо, ги изненадија истражувачите и јавноста со неверојатните огледални сличности во нивните животи, без да се познаваат.

Приказната на Џим Луис и Џим Спрингер започнува во 1940 година, кога биле родени во американската сојузна држава Охајо. Веднаш по раѓањето, двете момчиња биле предадени на посвојување и растеле во различни семејства, само 60 километри оддалечени едно од друго.

Advertisement
принтскрин јутјуб

И покрај тоа што не знаеле за постоењето на својот брат-близнак, нивните животи се одвивале по фасцинантно слични насоки и со неверојатно слични избори.

Кога се сретнале на 39 години, се соочиле со серија неверојатни огледални повторувања и навики. И двајцата биле дадени на посвојување и добиле исто име од новите семејства – Џим. И двајцата имале полубрат по име Лари и куче именувано Тои.

принтскрин јутјуб

Обаjцата се одлучиле за кариера во полицијата, а нивните бракови исто така биле речиси идентични: првите сопруги ги имале истите имиња – Линда, а вторите – Бети, додека синовите ги именувале исто – Џејмс Алан.

Advertisement

Поклопувањата се пренесувале и во секојдневниот живот. И двајцата биле страствени пушачи, страдале од мигрена, возеле „шевролет“, а во училиште имале исти интереси – обожавале математика и се занимавале со столарство, додека имале потешкотии со правописот.

принтскрин јутјуб

Постоела една единствена разлика во нивните животни искуства: Џим Луис знаел дека негде постои негов брат-близнак, додека Џим Спрингер верувал дека неговиот брат умрел уште како бебе.

Сепак, кога Луис пристапил до судските документи и започнал потрага по братот, нивната средба станала реалност.

Двајцата близнаци ја споделиле својата приказна во популарна телевизиска емисија пред милиони гледачи, што ја направило оваа приказна глобално позната. Спрингер признал дека цел живот чувствувал празнина, дури и без да знае зошто.

принтскрин јутјуб

Научниците даваат објаснување

Научната заедница е исто така фасцинирана од случајот. Д-р Томас Бучард од Универзитетот во Минесота користел истражување за различни близнаци, објавувајќи и студија која ги проучувала еднојајчани близнаци раздвоиени при раѓање.

Истражувањето покажало дека генетиката има значајна улога во обликувањето на личноста, одлуките, професиите, па дури и интересите и навиките на луѓето.

Приказната на двајцата браќа Џим повторно привлекува големо внимание во медиумите и на социјалните мрежи, со коментари од луѓе кои изразуваат неверување и фасцинација од нивните слични животи.

Некои корисници истакнуваат дека студиите за близнаците раздвоиени при раѓање постојано ги изненадуваат научниците и јавноста, додека други нагласуваат колку генетиката може да влијае врз секојдневниот живот, дури и кога близнаците растат во различни семејства.

Оваа приказна не само што претставува лична судбина на Џим Луис и Џим Спрингер, туку и инспирација за понатамошни истражувања за влијанието на наследноста и средината врз животот на луѓето. Таа ја потврдува важноста на генетиката како клучен фактор во формирањето на нашите навики, избори и воопшто на градењето на личноста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button