Диети

Може ли водата со лимон навистина да ви помогне да слабеете?

Реклама
Реклама

 

… Или, дали оние кои се заколнале дека е така, всушност не ве мафтосуваат?

 

Маркетинг

 

Маркетинг

Познатите личности како Гвинет Палтроу и Дина Манзо, ѕвезда на Вистински домаќинки од Њу Џерси, пијат топла вода со лимон како водата да е фонтана на младоста. Тие се сигурни дека таа помага да намалат килограми, но дали ова тврдењето е премногу добро за да биде вистина?

 

Топлата вода со лимон не предизвикува никакво вистинско губење на тежината, вели Алисија Рамси (Alissa Rumsey),портпарол на Академијата за исхрана и диететика. Меѓутоа, ако овој пијалок заменува пијалок со повеќе калории, како кафе со шеќер или овошен сок – а тоа резултира со дефицит на калории тогаш таа може да ви помогне да ослабете.

 

Водата за пиење – без разлика дали е топла или ладна, со лимон, или обична – исто така помага вашиот метаболизам да биде активен. „Влажноста на организмот е важен дел од здравата исхрана, бидејќи тоа го поттикнува вашиот метаболизам, вели Рамси. „За оние кои не уживаат во обична вода, додавањекришки лимон е одличен начин да го зголемат вкусот без да додадат калории.

 

На краток рок, водата за пиење со лимон може да ја намали и надуеноста на стомакот, таа дејствува како благ, природен диуретик, вели Рамси. Сепак, ако имате надуеност на долг рок, најдобро е да дознаете што ја предизвикува истата и да престанете со овие навики кои, всушност, се вистинските виновници: јадење премногу брзо, пиење со сламка, пиење газирани пијалоци, конзумирање премногу сол и конзумирање храна со шеќерни алкохоли.

 

„Сепак, може и да не уживате во пиењето вода со лимон доколку имате киселини во стомакот, бидејќи некои соединенија во лимоните, цитроните, портокалите и слично само ќе ги влошат симптомите, вели Рамси. Сега знаете!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button