BEAUTYИнтервју
COVER STORY

Во животот никогаш не сум држела диета – женски муабети со Цветанка Ласкова

Не се воздржувам од било каква храна, а најповеќе уживам во свежи салати. Во животот никогаш не сум држела диета, вели за Гламур Цветанка Ласкова

Advertisement

Таа е дама која и во својата 70- та  година изгледа преубаво и негувано и може секоја дама на нејзина возраст да и позавиди. Станува збор за нашата позната фолк пеачка  Цветанка Ласкова. Вели дека наутро кога ќе се разбуди многу и е важно да го осети напливот на позитивна енергија  за да и биде денот убав, потоа вели стандардни процедури на средување и пиење кафе. „Грижата за мојата убавина, не постои, за неа се погрижиле моите родители. Значи дека само генот е во прашање, мајка ми беше многу убава жена, за жал почина млада, а татко ми на свои 90 години сега изгледа како дечко. Внатрешната убавина и енергија кај човекот е најважна и таа се одразува и на надворешниот изглед“ вели за Гламур нашата ппзната пејачка.

Прашање: Како на Цветанка и започнува едно утро, кој е вашиот утрински ритуал?

Наутро, кога ќе се разбудам, многу ми е важно да го осетам тој наплив на позитивна енергија, мислам дека денот ќе ми биде убав. Потоа следи стандардната процедура во купатило, облекување и уживање со утринското кафе. Истовремено, го средувам и планот на активности за тој ден.

Advertisement

Приватна архива

Прашање: Сеуште  важите за една дама која блеска со својата убавина, како се грижите  за себе и својата убавина?

Ви благодарам за комплиментот, грижата за мојата убавина, како што велите, не постои, за неа се погрижиле моите родители. Значи дека само генот е во прашање, мајка ми беше многу убава жена, за жал почина млада, а татко ми на свои 90 години сега изгледа како дечко. Внатрешната убавина и енергија кај човекот е најважна и таа се одразува и на надворешниот изглед.

Прашање: Што е важно за една жена за да биде во духот млада и убава?

Се доаѓа од позитивната енергија и убавите мисли. Љубовта го движи светот. Ако ги сакате луѓето околу вас, ако ги сакате животните, ако ги сакате растенијата, со сигурност можете да очекувате возвраќање без оглед во која доба од животот сте.

Приватна архива

Прашање: Според Вас, што е пандан или еквивалент на женската убавина?

Добротата што извира од срцето и душата.

Advertisement

Прашање: Како се грижите  за своето тело, применувате ли некои активности?

Во овие мои години, движењето е многу важна компонента. Што и да дојде пролет, јас секогаш ќе мислам на море и на мојот камперски живот. Таму постојано сум во движење. Пливам, се дружам со пријателите, се грижам за моите цвеќиња, со еден збор се рехабилитирам.

Прашање: Што е тоа што најчесто го купувате кога одите во шопинг?

Ако под shopping се подразбира и набавка на продукти за исхрана, тоа го практикувам секој ден. Ако пак мислите на купување гардероба, шминка и накит, поретко. Во орманот морам да имам практични парчиња, што можам да ги комбинирам, а во купатило, се разбира, средства за хигиена, боја за фарбање коса, креми за лице и тело, и мојот парфем Opium.

Приватна архива

Прашање: Колку внимавате  на исхраната? Постои ли храна од која се воздржувате  а која би сакала да ја имате на менито?

 

Не се воздржувам од било каква храна, а најповеќе уживам во свежи салати. Во животот никогаш не сум држела диета, сигурно има вистина во тоа дека најважен е балансот на примање и трошење.

Прашање: Имате ли некое хоби  кое што Ве опушта релаксира?

Секако, слушање музика од различни жанрови, во зависност од расположението, и читање на интересни книги.

Прашање: Дали имате некои естетски корекции, и дали ги поддржувате ваквите зафати, ако немате дали би направиле во иднина?

Мојот братучед, д-р Даскалов, пластичен хирург, ми вели дека се уште не ми се потребни интервенции. Не верувам дека ќе го направам тоа некогаш, а ги разбирам жените кои имаат физички и психички проблеми и се подвргнуваат на такви третмани.

Приватна архива

Мојата блиска пријателка, Сузана Манчиќ, ми вели: „Едно утро се разбудив, застанав пред огледало и што гледам. Мојот лик не го одразува младешкиот дух и чувството од внатре што го имам. Затоа јас решив на операција, а и професијата ми е таква.” Јас ја разбирам, но не ги разбирам младите девојчиња кои се трудат да личат една на друга и со разноврсни третмани ја губат својата посебност и идентитет.

Прашање: Каква треба да биде според  вас современата жена?

Секоја жена е посебна приказна за себе. Што значи современа? Во зависност од условите на живеењето, оригиналноста е најважна за секоја индивидуа. Ако секоја жена се труди да го најде балансот во себе, да се чувствува достојно, да ја чувствува љубовта во обкружувањето каде што живее, со еден збор да биде исполнета, ќе биде современа, среќна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button