Огласи
MAMAДом и семејство

Во земјата околу розите закопајте една евтина намирница – ќе цветаат како луди сè до доцна есен!

Елис Харлок, експертка за цвеќарство, нагласува дека розите се вистинските ѕвезди на градината, а со малку нега можат да цветаат цело лето па се до доцна есен.

advertisement
advert

Розите за многумина се несомнено најубавото цвеќе, но важно е да се знае како правилно да се негуваат за да останат во најдобра форма во текот на пролетта и летото.

Клучот е во редовното прихранување и заштита од штетници.

Елис Харлок, експертка за цвеќарство, нагласува дека розите се вистинските ѕвезди на градината, а со малку нега можат да цветаат цело лето па се до доцна есен.

реклама
фото пекселс

Таа објаснува како да им обезбедите соодветна нега навреме, за да цветаат сè до есен.

Розите постојано имаат потреба од хранливи материи за да напредуваат. Според Елис, користењето на избалансирано ѓубриво на секои четири до шест недели во текот на вегетациската сезона е неопходно.

Иако постојат многу комерцијални ѓубрива, градинарите можат да истражат и природни алтернативи, како што е кората од банана која неверојатно добро им делува на розите.

Марpкетинг

„Познато е дека бананите се богати со калиум, што ќе им помогне на вашите рози подобро да цветаат“, објаснува таа.

Еден начин е да ја исечкате кората од банана и да ја закопате околу коренот на розите за да го збогатите тлото со хранливи материи.

Но, постојат и други методи за користење на кората од банана:

фото пекселс

Може да направите „чај од банана“, така што ќе ги потопите корите во вода еден или два дена, а потоа со таа вода ќе ги полеете розите.

Може да ги исушите и сомелете корите во прав, кој потоа ќе го нанесете во почвата.

Или едноставно да ги ставите корите директно во земјата.

Секој од овие методи ќе помогне да се збогати почвата и да се поттикне здрав раст на розите.

Заштита од штетници

Покрај соодветната исхрана, одржувањето на штетниците на дистанца е клучно за убавината на розите.

epp

Елис предлага едноставно решение:

„Помешајте неколку капки течност за миење садови во шише со распрскувач наполнето со вода. Попрскајте ја оваа мешавина директно на погодените делови еднаш неделно за да ги оддалечите штетниците.“

Овој нежен, но ефикасен метод нема да им наштети на вашите рози, но ќе ги држи штетниците подалеку од нив.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button