Кафе муабет

Најдобро е да сте во врска со некој кој е подеднакво чуден како и вие

Advertisement

Да се биде во врска со чудна личност, не е лоша работа.

 chudna

Advertisement

Да се биде во врска со чудна личност, не е лоша работа. Напротив, тоа е толку добро. Танцувате во долна облека додека пеете, ја држете четката за коса наместо микрофон, зборувате премногу силно на јавни места… Па, не сте и вие некоја совршена слика. Всушност, вистината е дека секој од вас е чуден на различен начин. Сите прават работи надвор од нормалата и секогаш некој се чувствува непријатно токму поради тоа. Така, наместо постојано да се обидувате да се поправате, време е да се прифатите себеси.

Чудните луѓе не можат да бидат со некој кој не може да направи шега на своја сметка, некој кој постојано се обидува да ги промени другите и да ги почитува сите стандарди. Тие луѓе се прекрасни, но на некој начин стануваат досадни. Зар мислите дека можете да остварите добар, долгорочен однос со некој кој е совршен во секој поглед?

Мислите ли дека ќе можете да се заљубите во некој кој нема да ја прифати ниту вашата посебна личност? Најверојатно не. Бидете во врска со некој кој нема да ви наоѓа мани кога ќе се смеете гласно и кој ќе ве сака со целото свое срце.

Advertisement

Бидете со некој кој ќе ви се придружи во моментите кога ќе почнете да танцувате, иако не сте професионалци во тоа. Бидете во врска со некој кој ќе ве прегрне и ќе ве прифати токму онакви какви што сте. Одберете личност која знае како да живее навистина. Личност која ќе ги сака вашите чудни навики и ќе остане со вас и во добро и во зло. Таквото момче никогаш нема да ве осудува или да ви кажува како да се однесувате.

Никогаш нема да ви дава заповеди и само ќе ве сака.

А тоа е она што ви треба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button