Вести

Во тешка сообраќајна несреќа загина познатиот српски музичар

Advertisement

Владан Спиридоновиќ (50), попознат како диџеј Спирко, пионер на нишката електронска сцена, загина во сообраќајна несреќа што се случи во петокoт, 7 ноември, на автопатот Даниловград – Никшиќ, во близина на градот Загорак во Црна Гора.

Од причини што сè уште не се утврдени, автомобилот во кој се наоѓаше Владан и комбето се судрија.

Advertisement

– Поради силата на ударот, автомобилот излетал од патот – објавија медиумите од Црна Гора.

Спиридоновиќ остави неизбришлив белег во развојот на електронската музика не само во Ниш, туку и на целиот Балкан. Својата кариера ја започна во 1992 година со плочите што ги стекна во Солун, а се памети дека донесе нота на веселост и добра музика во Србија. Неговиот прв настап се одржа во 1992 година, кога покажа во ноќниот клуб во Ниш дека се издвојува од своите колеги и беше се повеќе ангажиран во својата професија.

Диџејот Спирко имаше настап во Црна Гора, и како што вели Милановиќ, веднаш посакал да биде со неговото семејство во Ниш, па затоа решил веднаш да се врати.

Времето и местото на погребот на овој музички виртуоз ќе бидат објавени подоцна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button