Светот е полн со темнина и омраза. Во вакви околности – научете вие да бидете светлината.
Заблагодарете му се на Бог што ги имате сите благослови околу себе. Бидете благодарни за работите кои не можат да се купат со пари – за вашето семејство, колегите, работата, па дури бидете им благодарни и на странците кои минуваат низ улицата и ви упатуваат нежна насмевка. Бидете им благодарни на луѓето кои ќе ви дадат предност во долгата редица, зашто вие сте со мало дете, а бидете им благодарни и на оние кои ќе ви ја отворат вратата за да влезете.
Запаметете дека вие можете да бидете нечија единствена светлина. Вие можете да ширите светлина со вашата насмевка, со вашите зборови, со вашите очи. Можете да покажете каде е светлината со вашите акции. Вие можете да подарите светлина и да стоплите нечие срце. Светлината зависи од вашата внатрешна убавина.