Бизнис

Во овој мал град во Германија се очекува економски бум – БАРААТ РАБОТНИЦИ, пријавите се започнати

Во овој град во Германија бараат нови 1500 работници

Advertisement

Произведувачот на подморници Thyssenkrupp Marine Systems (TKMS) планира да вработи работници во својата филијала во Висмар.

И додека големи компании во Германија се соочуваат со сериозни предизвици и отпуштаат работници, едно познато бродоградилиште во оваа земја бара голем број работници и нуди одлични услови за работа на истите, пишуваат медиумите.

Advertisement

Станува зор за произведувачот на подморници од Кил, Thyssenkrupp Marine Systems (TKMS), кој во следните пет години планира да вработи 1500 работници во Висмар, а пријавите веќе се започнати.

Во овој момент во оваа филијала работат само 100 работници, па така во текот на оваа година се планира во Висмар, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, на Балтичкото море, да се вработат нови 100 работници. Потоа секоја следна година оваа бројка треба да се зголемува со најмалку 300 нови работници, како и до 60 приправници.

Една од причините за ваквото нагло ширење е итната потреба од модернизација на германската војска.

Advertisement

Принтскрин/ Јутуб

Во текот на минатата година Бундестаг одобри изградба на уште четири подморници од најнова класа за германската морнарица.

Вредноста на договорот за овие подморници наводно е во вредност од околу 4.7 милијарди евра, пишува српскиот Телеграф.

@ruduks86

#germany🇩🇪#wismar#werften#shipbuilding#😎😎😎

♬ dźwięk oryginalny – 🌟Malutka🌟

Но пред да се започне со изградба на подморниците класа 212ЦД со должина од околу 73 метри и ширина 10 метри, за Бундесвер, бродоградилиштето во Висмар мора технички целосно да се преуреди, па оваа позната германска компанија планира да вложи околу 200 милиони евра специјално за оваа намена.

Од овие причини в Висмар, град од околу 45 илјади жители, се очекува вистински економски бум во следниот период.

Покрај овие подморници, таму ќе се гради и новиот поларен брод „Поластерн“ вреден околу 1.5 милијарди евра.

Компанијата „ТКМС“ уште при крајот на 2022 година го презема пристаништето во Висмар, кое претходно замина во стечај по банкротот на поранешниот сопственик, компанијата од Хонконг Гентинг.

Потсетуваме, компанијата ТКМС е од градот Кил, главе и најнаселен град во северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн.

Станува збор за еден од главните поморски центри во Германија, а воедно тука е и седиштето на балтичката флота на германската војска.

Во 2005 година, БДП-то по глава на жител во Кил бил 35.618 €, над германскиот национален просек и 159 % од просекот на Европската Унија.

Висмар пак, е град во северна Германија на Балтичкото Море, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, околу 45 километри источно од Либек и 30 километри северно од Шверин. Неговото природно пристаниште, сместено во Висмарскиот Залив е добро заштитено од ’ртови. До административната реформа во 2011 година, градот претставувал урбан округ, а моментално претставува административно седиште на округот Северозападен Мекленбург.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button