Реклама
Бизнис

Во овој дел од Скопје се продава стан од 500.000 евра?! Граѓаните изненадени, еве што вели ЧатГПТ

Го прашавме и нашето „дистопијско“ пријателче ЧатГПТ до кога ќе расте цената на становите во Скопје, но и тој не знаеше да ни даде одговор на ова прашање

Реклама

И покрај тоа што побарувачката за недвижнини е во пад, цените не само што не се намалуваат, туку и постојано растат.

Овој тренд секако е присутен и во нашата земја, посебно во главниот град, па дури и за делови кои не се во централното подрачје.

Па така според стручните лица, цените на становите во Македонија се уште се високи и забележуваат постојан раст и заради побарувачката по луксузни станови и тоа од страна на инвестиционите купувачи кои на тој начин го пласираат својот капитал во недвижнини.

Маркетинг

Фото: Унсплаш

Тоа впрочем може да го видиме и од понудите на агенциите, па така на Фејсбук наидовме на оглас за стан кој се продава за 500.000 евра. Станува збор за комплетно опремен Пентхаус кој се наоѓа во Аеродром, односно во еден од трговските центри во оваа населба, со вкупна внатрешна површина од 211м2 и 200м2 тераси.

Маркетинг

И додека за едни можеби звучи неверојатно стан во Аеродром да се продава по цена од половина милион евра, скапите станови во Скопје не само што се реалност, туку и побарувачката за нив се уште е голема, па и овој стан за брзо време ќе биде продаден.

Фото: Унсплаш

Колку се цените реални и до кога ќе растат?

Од она што може да се види, но и да се прочита во огласот, станот навистина изгледа луксузно, со нов и скап мебел.

Од големата тераса се пружа поглед од милион долари кон падините на Водно, а како што пишува во огласот што беше објавен на Фејсбук станот има и паркинг гаражно место во трговскиот, приватен влез со 24 часа обезбедување и греење со фенколјери.

Инаку, според информации објавени на еден домашен сајт за недвижности, просечната цена на станови се уште расте.

Принтскрин/ ЦенаКвадрат.мк

Таа моментално се движи нешто под 1700 евра, додека најниска цена била во август, со околу 1500 евра за метар квадратен.

Според анализата на овој сајт, од 2021 година кога просечната цена за квадрат била околу 1000 евра, денес таа е речиси 1700 евра.

И станува збор за просечна цена, додека за некои станови инвеститорите бараат и многу повеќе, па дури и по неколку илјади евра.

И што е најинтересно, се уште никој не знае до кога ќе важи овој тренд, па дури ни вештачката интелигенција не го знае одговорот на ова прашање. Имено, ја прашавме до кога ќе расте цената на становите во Скопје, па еве го и одговорот.

Принтскрин/ ЧатГПТ

„Во теорија, ако економската ситуација се стабилизира или ако понудата на станови значително се зголеми, може да се забележи забавување на растот на цените. Меѓутоа, ако побарувачката остане висока и понудата не се задоволи, цените може да продолжат да растат“.

„Тековните економски и политички трендови можат да влијаат на тоа, па дури и да се случат краткорочни промени“, заклучи нашето дистопијско пријателче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button