Во оваа куќа порасна нашата најпозната пејачка – по разводот на родителите тука и денес се собираат
Вака изгледа родната куќа на Каролина во Битола
Куќата во која што е родена и порасната Каролина Гочева во Битола и денес е место каде што се собира целото семејство.
Пејачката потекнува од познато семејство од Битола.
Нејзиниот татко по професија е анестезиолог, а нејзината мајка инженер-технолог, а во областа на медицината работи и нејзината сестра Александра која работи како офталмолог.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина е поприлично блиска и со своите внуки, Луција и Инес, ќерки на нејзината сестра, со кои ужива да го минува времето.
Инстаграм/ Каролина Гочева
И пејачката и нејзината сестра се поприлично поврзани и со родителите, а со нивната мајка често патуваат заедно.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Инаку, родителите на Каролина се разведени, но како што самата откри во една пригода и денес се заедно за празници, а нивниот однос останал секогаш цивилизиран и коректен, најмногу заради децата.
Но за разлика од нејзиниот татко, кој ретко се појавува во медиумите, мајката на Каролина, Светлана Гочева, често може да ја видиме во објавите на нејзината наследничка, посебно кога одат заедно на своите веќе традиционални патување. Пејачката и денес е посебно поврзана со својата сестра, а во Битола и денес кај нивната мајка ги поминуваат заедно сите поважно, но и помалку важни работи.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Пет дами, три генерации
Имено, Каролина неколку пати во годината знае заедно со својата мајка, сестра и внуките, да одат на заедничко патување, па таа секогаш од овие заеднички моменти споделува интересни фотки.
Принтскрин/ Јутуб, Ексклузив
Како пејачката изгледа во овие моменти кога е со своите најблиски, но и како изгледа семејната куќа во Битола, погледнете од фотографиите во рамките на овој текст.