Препораки

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Реклама
Реклама

Со почетокот на новата година, сите ние добиваме шанса да започнеме нешто ново. Ова е време кога размислуваме за нашите цели, соништа и желби, но и за тоа како можеме да ги прифатиме нашите уникатности. Новата кампања на dm доаѓа во вистинско време. Самиот почеток на 2025 година dm го одбележува со нова тема на комуникација: Прифаќање на различноста и славење на автентичноста и индивидуалноста на секоја личност. Едноставно кажано – да го разбудиме своето #скрозјас.
Оваа уникатна иницијатива одекнува во 12 европски земји во кои dm е присутен и опфаќа различни кампањи кои тематски ќе покријат повеќе аспекти, за на позитивен начин да ги поттикнат луѓето на самоостварување и себеприфаќање.

дм-промо

#скрозјас настан

Преку посебен настан, пред голем број гости од општествениот и јавниот живот, компанијата dm дрогерие маркт на 16 јануари ја претстави својата нова корпоративна кампања #скрозјас што ја носи пораката за важноста на прифаќањето себеси, вклучувајќи ги сите свои особини, но и несовршености.

Маркетинг

Настанот се одржа во уникатниот амбиент на кафе-книжарницата „Литература“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“, каде гостите беа дел од инспиративна вечер исполнета со креативност, емоции и пораки за автентичност и прифаќање.

Вечерта ја отвори познатото телевизиско лице Јована Стојменовиќ како модератор на настанот, која преку инспиративни пораки и сопствени искуства ја истакна важноста на личната автентичност.

Маркетинг

дм-промо

„Секој од нас е совршен токму во својата несовршеност. Оваа вечер сме тука за да ја славиме автентичноста, да се инспирираме и прифатиме својата уникатност. Време е секој од нас да го истакне своето #скрозјас“ – рече Стојменовиќ на почетокот на настанот.

Главниот момент беше интерактивниот перформанс во кој учествуваа три дами од публиката – младата пијанистка Ема Ананиевска, како и музичките ѕвезди Тијана Дапчевиќ и Дина Јашари. Нивните музички изведби беа силна и емотивна илустрација на тоа што значи да се биде #скрозјас. Преку моќта на музиката, тие покажаа колку е важно да се следи она што сме по природа, а не она што светот ни го наметнува. Дополнително, имаше и креативни активности за подиректно вклучување на гостите во кампањата, кои пополнија „Скроз јас“ книги со лични содржини и оставија мотивирачки аудио пораки преку „Скроз јас“ телефонот.

дм-промо

На гостите на настанот им се обрати и Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm Македонија која ги објасни причините зошто компанијата одлучила да почне ваков вид кампања.

,,Целта на кампањата е да поттикне луѓето да се прифатат себеси, да се гордеат со својата индивидуалност и да се ослободат од стереотипите и очекувањата на кои сме често изложени, а кои можат да ни наметнат чувство како да мораме да се прилагодиме.  Кампањата #скрозјас се темели на идејата дека секоја личност има право да биде своја и да се гордее со својата единственост и да се изразува без страв од осуда. Ние веруваме дека вистинската убавина лежи токму во различностите“  – рече Дуранска.

дм-промо

Премиерно емитување на рекламниот спот #скрозјас

Присутните имаа можност премиерно да го погледнат промотивниот спот за кампањата, кој зрачи со сé она што се сите луѓе – автентичност и уникатност. Овој спот е создаден со цел да ја пренесе пораката на dm на емоционален и инспиративен начин, поттикнувајќи секого од нас да размисли за својата автентичност. Од dm велат дека процесот на креирање на спотот започнал со детално истражување и анализирање на потребите, желбите и вредностите на купувачите за да разберат што им е важно и како можат да се поврзат со темата на автентичноста.

дм-промо

Во спотот ќе видите вистински луѓе, нивните искуства и предизвици. Овие приказни ја прикажуваат убавината на автентичноста и покажуваат дека секој од нас има своја уникатна приказна која вреди да се слушне.

Светлосна проекција на #скрозјас порака на две локации

Настанот го збогати изненадувањето на вечерта – светлосна проекција на #скрозјас порака на две локации, фасадите на зградата на Министерството за спорт и „Сити галери“ на плоштадот „Македонија“, што симболично го означи почетокот на кампањата. Присутните, но и други минувачи, имаа шанса да ја прочитаат #скрозјас пораката: Во новата година сум #скрозјас!

дм-промо

Сѐ она што нѐ прави посебни

Од своето доаѓање на пазарот, dm e познат под својот слоган ,,Тука сум човек, тука купувам“.

Иницијативата #скрозјас ја нагласува визијата на dm – тие ги пречекуваат сите луѓе со отворени раце и ја ценат разноликоста што секоја поединечна личност ја носи. Во dm не сте само купувач, вработен или соработник. Тука ве ценат како човек, целина, уникатна личност и ве поттикнуваат да ја изразите индивидуалноста на свој начин.

дм-промо

dm нѐ повикува да се придружиме на нивната мисија и заедно да градиме заедница која слави разновидност. Тие нѐ охрабруваат да ги споделиме своите приказни и искуства користејќи го хаштагот #скрозјас и со нашите приказни да ја збогатиме не само оваа кампања, туку и целата заедница. Само заедно, можеме да создадеме простор каде што секој може да се чувствува прифатено и вреднувано.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button