Дом и семејство

Во нивното семејство сите живеат над 100 години – секој ден јадат евтино традиционално македонско јадење и пијат вакво вино

Секој ден јадат исто па исто, а резултатот е долговечност.

Advertisement

Семејството Мелис од Сардинија е светски познато по својата импресивна долговечност. Девет браќа и сестри заедно имаат 861 година, а најстариот член има дури 109 години.

Светските медиуми и истражувачите на „плавите зони“ ги истакнуваат како пример за тоа како исхраната и животниот стил можат да влијаат на долгиот живот.

Advertisement

Но, интересно е тоа што иако живеат покрај море, тие јадат едно јадење кое е најчесто на трпезата на Македонците, а не морски плодови и риба.

Најинтересно е што сите членови на семејството секојдневно јадат ист оброк, а тоа е грав, односно минестроне чорба која е приготвена со три видови грав. Со чорбата јадат леб од кисело тесто и пијат по една чаша црвено домашно вино.

Овој едноставен, но хранлив оброк е типичен за региони каде што луѓето живеат најдолго, како Италија, Грција, Јапонија, Костарика и одредени делови на Јапонија.

Според нутриционистката Саманта Касети, гравот е клучна намирница за здравје и долговечност.

„Луѓето кои живеат најдолго редовно јадат половина до една шолја грав на ден. Минестроне чорбата е богата со зеленчук и растителни влакна, што ја одржува телесната функција и го намалува ризикот од хронични болести“, вели таа.

Покрај тоа, природно ферментираниот леб од кисело тесто не предизвикува нагли скокови на шеќерот во крвта, како белиот леб, што помага во одржување на стабилна енергија и намалување на ризикот од дијабетес тип 2.

Истражувачот Ден Батнер долго време ги проучувал навиките на најдолговечните луѓе. Сите тие ја комбинираат балансираната, растителна исхрана со умерена физичка активност, социјална интеракција и релаксиран начин на живеење.

Чорбата од грав на семејството Мелис е класичен пример за исхрана која го комбинира внесот на здрави растителни влакна, протеини (од гравот) и антиоксидантите од додадениот зеленчук (моркови, целер, зелка, компир, пченка, кромид, лук, домати, тиквички, босилек).

Нутриционистите истакнуваат дека ваквите оброци, како и редовната употреба на природни продукти, како кисело тесто и умерена конзумација на црвено вино, се проверени рецепти за долговечност. За семејството Мелис, оваа комбинација е дел од секојдневната рутина која веќе со генерации им овозможува – и тоа како – да го надминат просечниот животен век.

Според диетолозите, сите можеме да научиме од овие навики: внес на растителна храна, интегрални житарки и умерено црвено вино (најдобро домашно) може да придонесе за здравје, виталност и долговечност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button