Во маслиновото масло се крие тајната за долг и здрав живот: Еве во колкава количина треба да го внесувате
Најдобриот рецепт зза долг и здрав живот е свртувањето кон намирници кои се богати со антиоксиданти и кои го намалуваат ризикот од инфаркт и рак. А помеѓу водечките е и маслиновото масло за кое треба да настојувате да ви биде секојдневна навика.
Една лажица маслиново масло дневно значително придонесува за подолг и поздрав живот. Тоа содржи антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од инфаркт и рак, кои се најголемите предизвикувачи на смрт во светот. Маслиновото масло го намалува нивото на холестерол во крвта, крвниот притисок и ризикот за сите болести кои доаѓаат со стареењето. Сепак, во него има многу калории, па треба да консумирате само по една лажица на ден. Има и многу заситени масти кои се одлични за здравјето, богат е со витамин Е кој е добар за кожата и имунолошкиот систем.
Еве што треба да консумирате во поголеми количини, а што треба да избегнувате.
Зголемете го внесот на:
- овошје
- зеленчук
- мешунки
- семиња
- житарки од цело зрно
- риба
- маслиново масло
Избегнувајте:
- путер
- црвено месо
- индустриска храна, преработени сокови, бел леб
- шеќер
Совет плус:
Одвреме-навреме напијте се по една чаша црвено вино, јадете повеќе риба, цедете повеќе свежи сокови, за десерт јадете свежо сезонско овошје.