Во Македонија со месеци сите зборуваа за неа – ќе се изенадите како изгледа откако стана мајка
Оваа млада дама откако се оствари во најважната улога во нејзиниот живот изгледа уште поубаво, а никого не остава рамнодушен и нејзиниот елегантен и префинет стил со кој зрачи секогаш, каде и да се појави...
Таа имаше само 19 години кога со својот неприкосновен талент ти воодушевуваше сите во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Беше тоа во 2019 година, кога оваа млада и убава велешанка со своите изведби никого не оставаше рамнодушен, а гледачите од Македонија беа горди секогаш кога таа ќе се појавеше на грандиозната сцена.
Станува збор за Мими Јовановска (24), која во една пригода дури и ги расплака сите со нејзината изведба на Уснија Реџепевова и нејзината песна „Животе мој“, но и генијалната интерпретација на познатата песна од Пепи Бафтировски, „Ако згрешам нека изгорам“, една од најдобрите изведби на македонски песни во ова шоу.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мими неколку години по „Ѕвездите на Гранд“ застана на лудиот камен и се омажи за нашиот познат музичар Филип Нуне.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Таа тогаш стана Мими Нуне, име кое денес навистина убаво звучи, но и кое сите сакаат да го слушаат заради нејзиниот глас.
Инстаграм/ Мими Јовановска
И додека свадбата беше во 2022 година, Мими во мај 2023 се оствари и во својата најважна улога во животот.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Имено, пејачката тогаш се породи и го роди малиот Никола, па денес задно со својот сопруг уживаат во секој момент поминат со нивниот наследник. Впрочем тоа може да го видиме и од нејзиниот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде убавата пејачка често споделува фотографии и од нејзиниот приватен живот, а на кои во главната улога секогаш е нивното мало „морковче“.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Но покрај овие семејни фотки, денес во фокусот ни е изданието на пејачката со кое таа им ја честиташе Новата година на фановите.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Мими за оваа пригода избра бел фустан во кој изгледаше како принцеза, кој совршено го истакна нејзиното убаво тело.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Креацијата беше со проѕирни детали и зачинета со бисери, така што Мими блескаше од глава до пети во ова свое издание.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Пејачката по бременоста за брзо време се врати повторно во топ форма, а за тоа сведочат и следните нејзини изданија…
Инстаграм/ Мими Јовановска
Инстаграм/ Мими Јовановска
Инстаграм/ Мими Јовановска
Инстаграм/ Мими Јовановска
Инстаграм/ Мими Јовановска
Прекрасна дама, нели?