Иако во одредена мера е добар, кога ќе стане хроничен стресот му прави голема штета на целиот организам.
Најпознатата болест на денешното време, наречена стрес, е најголемиот пријател на човекот. Едно неодамнешно истражување спроведено од страна на Британското здружение за управување со стресот, покажува дека жените се почувствителни на стрес за разлика од мажите, но ова истражување укажува и на критичните години. Резултатите покажале дека најмногу сме изложени на стрес во периодот од полнолеството па до 33-тата година. После овие години нивото на стрес, според ова истражување, се намалува.
Се чини дека сите во денешно време очекуваме повеќе, а немаме можности да го оствариме тоа, па честопати сме изложени на стрес. Тоа тежнеење кон совршенство, убавина и љубов, наместо да не’ инспирира, постепено се претвора во негативна перцепција за себе и светот. Рамнотежата е нарушена и честопати за последица имаме бројни здравствени проблеми, физички и психолошки. Според американскиот институт за стрес, до 90% од сите зздравствени проблеми се поврзани токму со стресот.